Зошто не треба секогаш да слушате совети од успешните луѓе?
Советите од успешните луѓе може да се најдат насекаде и сите на кои им е потребна инспирација, се мотивираат со нивните говори и цитати.
Но, да речеме дека ви е потребен конкретен совет за вашиот бизнис и можете да го добиете од Марк Закерберг и од човек кој банкротирал, кој повеќе ќе сакате да ве советува?
Секако, 99% од луѓето би го одбрале Марк Закерберг, бидејќи тој успеал и сигурно ќе има да ви каже нешто повеќе од оној кој не успеал и банкротирал.
Ако сте креативна личност, кого би го послушале – Стивен Спилберг или некој заборавен актер на кој му пропаднала кариерата? Повторно, одговорот веројатно би бил Стивен Спилберг.
Но, во повеќето од случаите, без разлика за каков совет се работи и за кои личности станува збор, доколку ја одберете успешната личност, ќе погрешите во изборот.
Дознајте зошто е тоа така според следниве теории:
Ќе ја објасниме оваа теорија, земајќи го како пример Бред Пит. Замислете го денот кога младиот Пит дошол во Холивуд, а со него имало уште стотици млади и амбициозни момци кои се борат за истото.
Можеби некоj од нив бил поубав и поамбициозен, или поседувал поголем талент, но на крајот од сите нив, Пит успеал да постигне успешна кариера.
А, ова е главниот парадокс – тој не може да ви објасни зошто станал успешен и избегнал неуспех, бидејќи сите негови одлуки се покажале како правилни штом стигнал дотаму.
Како да избегнете неуспех во овој случај, најдобро можат да ви кажат останатите 100 кандидати кои не успеале и не го достигнале успехот на Бред Пит.
И ова важи за секое поле – не треба да барате совети од оние кои успеале, или барем, не треба да се потпирате само на нив, туку треба да ги земете предвид и советите од оние кои доенле погрешна одлука, која ги довела до неуспех, за да знаете што е тоа што не смее да го повторите.
Феноменот каде ги земате само победниците во предвид, избегнувајќи ги губитниците, се нарекува „систематска грешка на преживеаниот“.
Која е суштината на феноменот?
Светот го открил овој феномен за време на Втората светска војна, кога американската војска сакала да го зголеми бројот на авиони-бомбардери кои ќе се враќаат од битка, наместо да се рушат.
Тие сакале да додадат оклопи и да ги заштитат авионите на местата кои се најоштетени на оние авиони кои го „преживувале“ нападот и се враќале од битка. На овој начин би постапиле повеќето за да ги заштитат точките на авионите кои се најоштетени.
Но, познатиот статистичатр Абрахам Волт, ги спасил од голема грешка. Тие го спровеле истражувањето и донеле одлука врз база на авионите кои се враќале безбедни, но оние кои се срушиле не биле тука за увид и не можеле да знаат каде тие биле најоштетени за да се срушат.
Па затоа, Абрахам предложил, наместо да ги заштитуваат авионите на точките кои се најоштетени, но очигледно не претставуваат закана, бидејќи се враќаат безбедни, да ги заштитат авионите на сите места кои не се погодени, бидејќи тие се точките кои ако биле погодени, би можеле да доведат до рушење на авионот.
Па така произлегла оваа „систематска грешка на преживеаниот“, каде неправилно се фокусираат на преживеаните, наместо на мртвите, исто како и фокусот на успешните, наместо на неуспешните.
Зошто се случува ова?
Грешката која ја правиме при изборот е заради погрешната логика која ја употребуваме во оваа смисла.
Ако сакате да ја дознаете тајната на долгиот живот, ќе ја прашате бабата која живее 100 години која е нејзината тајна.
Но, ако таа ви каже дека цел живот пуши цигари, пие алкохол и псуе, тогаш ќе си помислите дека тоа е тајната за долг живот?
Секако дека не. Таквите случаи се многу ретки и мора да помислите дека поголемиот број на луѓе кој живееле таков живот, не стигнале до нејзината возраст.
Па затоа, следниот пат сетете се на систематската грешка на преживеаниот и не секогаш слушајте ги советите на оние кои успеале, туку барајте кои се грешките на оние кои не успеале и обидете се да не ги повторите.
М. М. | Црнобело