Како голтаат мечеви без да се повредат и уште 5 тајни на магионичарите - откриени
Колку пати во умот сте барале логични објаснувања за брилијантните изведби на магионичарите? Еве ги нивните тајни!
Дали знаете дека магионичарите односно илузионистите најчесто се скептици кога е во прашање паранормалното?
Но, без разлика што нема вистинска магија во нивните трикови, тие секој пат успеваат да ја воодушеват публиката со својата способност.
Откако ќе ви ги откриеме тајните на нивните трикови малку поопуштено ќе седите на следната магионичарска претстава:
Фрлање ножеви
Тајната на магионичарите е што тие не ги фрлаат навистина ножевите, туку со остро движење ги кријат во таен џеб од нивниот костим. Зад метата на која има девојка, стои човек кој со помош на специјален механизам ги бутка ножевите од задната страна на метата.
Нивната работа е брза и добро координирана, па изгледа како ножевите да се забиваат во метата, а всушност тие излегуваат од неа.
Растегнување
Девојка е сместена во голема кутија со отвори за нејзината глава, раце и стапала. Магионичарот ја мрда кутијата, како девојката во неа да има неверојатна моќ на растегнување.
Всушност, магионичарот отвора и затвора одредени врати за да докаже дека кутијата е празна, додека двајца други асистенти мудро се кријат зад вратите. Тие влегуваат во кутијата низ задни врати и ги поставуваат своите раце/нозе во соодветна позиција. Гледачот не ја забележува замената затоа што сите девојки имаат направено ист маникир.
Асистенитите ги креваат нивните раце/нозе на страна, додека девојката чија глава ја гледаат гледачите стои мирно на стол или лежи.
Исчезнување на гулаби
Магионичарот става еден гулаб во кутијата, но кога го крева капакот повторно, тој не е таму.
Не грижете се. Гулабот е добро, само што во капакот има тајна мала дупка, која е незабележителна, но птицата може да се смести таму без да биде повредена.
Закопување жив
Трикот се изведува на отворено. Магионичарот е ставен во кутија и навистина закопан под земја, но по неколку секунди тој излегува од оваа опасна замка. Ризик се разбира постои, но способен магионичар нема проблем да го изведе ова.
Кутијата има тајна врата, преку која магионичарот преминува во однапред подготвена подземна соба. Има светлина и резерви на кислород. Магионичарот потоа оттаму се враќа во сандакот, го задржува здивот, ископува малку земја и брзо излегува.
Игла низ кожата
Изгледа дека магионичарот за спектакуларна изведба трпи голема болка ставајќи игла во својата кожа.
Но, тој не ја пробива иглата низ кожата, туку низ дел од гумена ракавица, нашминкан да изгледа како неговата рака. Крвта, која понекогаш ја има во изведбата, исто така, е измама.
Голтање мечеви
Спектакуларната изведба зависи комплетно од способноста на магионичарот.
Трикот е дека мечот мора да мине така што нема да ги повреди внатрешните органи. Грлото и хранопроводот мора да му формираат права линија и за ова е потребно тешко и напорно вежбање, особено ако е планирана изведба со многу остри мечеви.
Што значи овој трик навистина се сведува на способноста на магионичарот и не може секој да го изведе.
С. С. | Црнобело