Убаво сервирани лаги, реални шоуа: 9 начини на кои медиумите манипулираат со вас
Ви го одвлекуваат вниманието од вистинските проблеми, ве претопуваат да бидете дел од просечноста и прават да бидете занесени од емоциите за одредени ситуации.
Секој ден сме бомбардирани со информации од сите страни. Телевизијата, радиото, печатените медиуми, електронските медиуми, социјалните мрежи на разни начини влијаат врз нас.
И тоа е одлично само ако се добиваат податоци за да формираме објективна слика за работите, но кога тие внимателно избираат што и како ќе ни сервираат влијанието од нив не е толку позитивно.
Цел сме на пропаганда и перење на мозок на разни начини:
Одвлекување на вниманието
Ова е омилената практика на медиумите. Важните информации ги потопуваат во низа мали неважни приказни.
Интернетот дополнително го влоши проблемот. Фокусот се трга од вистинскиот проблем.
Креирање проблем за ништо
Површните проблеми претставени на претеран начин предизвикуваат сериозна јавна реакција.
Во 2016 година НАСА имаше објава дека ако астрологијата беше егзактна наука, хороскопските знаци ќе се променат. Магазинот Cosmopolitan од ова направи статија дека 80% од луѓето ќе имаат друг хороскопски знак и предизвика лавина од реакции што НАСА мораше да излезе со соопштение.
Стратегија на постепеност
За да формирате јавно мислење на одредена тема материјалите треба да се објавуваат постепено.
На овој начин се лобира за одредени личности, продукти или идеи. Промоцијата на пушењето цигари во средината на 20-тиот век е одличен пример за тоа.
Стратегија на ставање на полица
Со цел да се влијае на усвојување на непривлечни одлуки, тие се претставуваат како „болни, но неопходни“. Се цели денес да се постигне согласност на граѓаните, па за нивното влијание да се размислува од утре.
Жртвите направени во иднината ни изгледаат полесни од оние направени во сегашноста.
Убаво сервирани лаги
Пропагандата користи јазик, аргументи, симболи и ваквиот вид на комуникација ја намалува критичноста при перципирањето на информацијата.
На пример, брендовите ви се обраќаат на „ти“ и со тоа ви прават лажно чувство на блискост.
Повеќе емоции отколку рефлексија
Емоциите и вестите одат рака под рака, но тоа не може да се каже дека е добро. Емоциите влијаат на објективното приемање на фактите и го блокираат рационалното размислување.
Ова доведува до искривена перцепција на реалноста.
Ги држат луѓето во незнаење
Недостигот на разбирање потекнува од недостигот на образование, а необразованите индивидуи се најлесни за манипулација. Достапното образование за елитата и обични луѓе варира значајно.
Сепак, во време на дигитална ера имате можност сами да се надградувате и да излезете од мракот на неинформираноста.
Охрабрување на масите да бидат дел од просечноста
Медиумите не ѝ велат директно на широката народна маса дека е модерно да се биде глупав, вулгарен и без манири, туку тоа го прават преку реалните шоуа, сапунските серии со стотици епизоди и жолтиот печат.
Ова ги релаксира луѓето од потребата да се информираат и го одвлекува нивното внимание од глобалните проблеми.
Зголемување на чувството на вина
Медиумите прават луѓето да веруваат дека самите тие се виновниците за локалните и глобалните проблеми поради недостигот на интелигенција, способности и напори.
Пример за ова е како владите се трудат да направат слика дека луѓето самите се виновни за војните.
С. С. | Црнобело