6 работи што ќе ги научите ако вашата најдобра пријателка се пресели во друга држава
Ќе сфатите дека понекогаш видео повик може да ви го спаси животот, а далечината не значи смрт за љубовта.
Љубовните врски на далечина се тешки, но уште потешко е кога другарката со која сте се дружеле цел живот се сели во странство.
Болката од разделбата и желбата да го задржите пријателството ќе ве научат на многу работи:
Ќе станете експерт за пресметување на временски зони
Постојано ќе ја знаете разликата помеѓу вашето време и нејзиното. Ќе знаете кога станува, кога оди да спие.
Комуникацијата кога сте во различни временски зони е навистина тешка, но интересна работа.
Видео повиците го спасуваат животот
Преку Скајп, Фејсбук и што уште не ќе воспоставувате видео повици и ќе се чудите колку добар изум се тие. Дури и ако зборувате само 5 минути со неа ќе ви биде мило што ѝ го гледате лицето.
Понекогаш дури и кога пиете кафе или ги завршувате домашните обврски Скајпот ќе ви биде пуштен за да имате чувство дека сте во иста соба.
Несоници поради некои проблеми? Скајпот повторно е тука!
Ќе сфатите дека малку се вистинските пријатели
Имате низа пријатели со кои си коментирате на Инстаграм и знаете да излезете на коктели, но ретки се вистинските пријатели како неа.
Ќе ви недостига ужасно на моменти и ќе се борите со осаменост.
Интернационалните пратки се скапи
Праќање на пакет на вашата пријателка во странство е навистина скапо. Сепак вреди понекогаш да го направите овој потег за да ја изненадите.
Ќе ви биде неизмерно благодарна и нема да го заборави овој гест. Сепак ако не сте во можност испратете ѝ мејл во кој ќе и кажете зошто ја цените.
Конфликите се многу потешки на далечина
Понекогаш со пишани пораки ќе ви биде тешко да се разберете на одредена тема и може да настанат конфликти. Кога не се слуша тонот на гласот, многу работи може да бидат протолкувани погрешно.
Исто така, по кавга потешко е да го расчистите нередот.
Далечината прави да се сакате повеќе
Иако е на илјадници километри од вас, таа засекогаш ќе остане вашата најдобра пријателка.
Без разлика што е далеку од вас, сигурно близината што ја чувствувате во срцето со неа не би ја менувале за ништо на светот.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





