Кога спортот и интелигенцијата одат заедно: 7 спортови што го тренираат мозокот

Дали сте знаеле дека тенисот се нарекува „шах во движење“ и дека качувањето по карпи ви ја подобрува оперативната меморија?

koga-sportot-i-inteligencijata-odat-zaedno-7-sportovi-shto-go-treniraat-mozokot-001.jpg

Тие што редовно спортуваат, знаат дека секој тип на тренинг има различни ефекти на сите мускулни групи. Но, малкумина знаат дека спортувањето директно го погодува и мозокот, активирајќи разни центри и помагајќи му подобро да се справи со задачите.

Спортовите не само што може да ве направат посилни, туку може да ве направат и поуспешни.

Како тие влијаат врз вашиот мозок?

Тимски спортови

Сите тимски спортови придонесуваат за развојот на аналитичкото размислување и брзите реакции и ви ја подобруваат вештината за работа во тим.

Ваквата игра бара комплексна координација и движења, вештини на концентрација и насочено внимание.

koga-sportot-i-inteligencijata-odat-zaedno-7-sportovi-shto-go-treniraat-mozokot-02.jpg

Трчање на долги патеки и голф

Сигурно ви изгледа дека нема ништо заедничко помеѓу овие два спорта, но тоа е само на прв поглед. И брзото трчање и „бавниот“ голф придонесуваат за активен развој на стратешкото размислување.

Во спротивно како ќе издржите да трчате десетици километри или пак да погодите токму во дупката на теренот? Инаку, Бил Гејтс е страстен голф играч.

koga-sportot-i-inteligencijata-odat-zaedno-7-sportovi-shto-go-treniraat-mozokot-03.jpg

Тенис

Дали сте знаеле дека тенисот се нарекува „шах во движење“?

Покрај издржливоста, тенисерите имаат одлични вештини за предвидување на дејствата на противникот, а исто така знаат во дел од секунда за да ја разберат и оценат траекторијата на топката.

koga-sportot-i-inteligencijata-odat-zaedno-7-sportovi-shto-go-treniraat-mozokot-01.jpg

Јога

Главната придобивка од јогата е хармонизацијата на мислите и емоциите, способноста за фокусирање на главната работа и отфрлање на неважните, што е екстремно потребна вештина во овој проблематичен свет.

Мирот на умот е клучен во секој бизнис.

koga-sportot-i-inteligencijata-odat-zaedno-7-sportovi-shto-go-treniraat-mozokot-04.jpg

Kачување на карпи

Сите спортови каде е потребно да се движите и да размислувате едновремено, се совршен тренинг за оперативната меморија, што ви овозможува брзо да ги искористите примените информации.

koga-sportot-i-inteligencijata-odat-zaedno-7-sportovi-shto-go-treniraat-mozokot-05.jpg

Пливање, велосипедизам и други кардио тренинзи

Очигледна придобивка од возењето велосипед, пливањето и други слични физички активности се стекнувањето издржливост и развојот на мускулите на речиси целото тело.

При тренинзите од овие спортови, циркулирањето на крвта во телото се зголемува, како резултат на тоа заситената крв со кислород, хормони и хранливи материи, брзо влегува во мозокот.

koga-sportot-i-inteligencijata-odat-zaedno-7-sportovi-shto-go-treniraat-mozokot-06.jpg

Тренинзи за сила

Тренинзите за сила првенствено се гледаат како наменети за мажите, но тоа е сериозна грешка.

Секој тренинг за сила ја стимулира работата на префронталниот кортекс, кој е одговорен за сложеното размислување, способноста за мултитаскинг и способноста да ги пронајдете вистинските аргументи и да ја браните својата позиција.

koga-sportot-i-inteligencijata-odat-zaedno-7-sportovi-shto-go-treniraat-mozokot-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg