Трансплантација на глава, 3D печатење на кожа: 10 научни откритија кои се малку непријатни
Овие научни откритија носат големи придобивки за нас, но дали сме на чекор од контролирање отстрана на човековиот мозок?
Науката постојано напредува и ги шири границите на човековата способност. Сето тоа се одвива со таква брзина што на моменти ни изгледа како да сме дел од научно фантастичен филм.
Од трансплантација на глава до деца од три родители, еве ги најчудните откритија на науката:
Трансплантација на глава
Италијанскиот неврохирург Серџио Канаверо тврди дека трансплантацијата на човекова глава е реална. Најблиската операција е закажана за 2018 година.
Професорот веќе претстави спојување на нови тела на глувци, кучиња и мајмуни, но како мозокот реагира на тоа сè уште не е објавено. Ако експериментот на Серџио успее сигурно ќе го воодушеви светот, но и ќе ја исплаши јавноста.
Вештачка амнезија
Дали некогаш сте посакале да се ослободите од сите фобии, вознемиреноста, непријатните сеќавања или стравови? Научниците се подготвени да ги отстранат од вашата меморија сите темни моменти, без да влијаат на неопходните делови од приказната, користејќи комбинација од технологијата за скенирање на мозокот и вештачката интелигенција.
Звучи одлично, но што ако ова се злоупотреби за манипулација на мозоците на луѓето?
Вода на Марс
Во 2016 година, НАСА објави одлична вест дека на Марс постојат мали замрзнати езера. Научниците не го исклучуваат фактот дека водата може да тече под површината на Марс, а каде што има вода - има живот. Многумина ја туркаат мислата за вонземска цивилизација.
Но треба да се запрашате - што ќе се случи кога Марс ќе се загрее и водата ќе почне да го поддржува животот?
Деца од тројца родители
Во 2016 година, се појави бебе со гени од тројца родители. Научниците му овозможија на еден брачен пар да добие совршено здраво дете, и покрај фактот што жената страдала од фатална болест.
Но, ова е далеку од првиот експеримент со тројца родители што се случил во 1990-тите. Тој бил неуспешен, а децата наследиле генетски нарушувања.
Органи кои се одгледуваат ин витро
Научниците од Австриската академија на науките поминале 15 седмици за да го развијат најважниот дел од човековото тело - мозокот. Лабораторискиот производ имал исто ниво на развој како и 9 недели стар фетус.
За среќа или за жал, израснатиот мозокот не можел да размислува, но тоа е само прашање на време додека да се среди, бидејќи експериментите продолжуваат.
Болести од пластика
Пластиката стана дрога на XXI век. Ја среќаваме во секој чекор и не размислуваме за негативните последици, но отровните хемикалии ги голтаме речиси секој ден.
Рак на матката, рак на дојката, срцев удар и дијабетес – се само дел од заболувањата предизвикани од неа, а листата не завршува тука.
Нанороботи што се ставаат во телото
Нанороботи со големина на еден молекул станаа хит во научниот свет во 2015 година. Овие малечки може да складираат и доставуваат лекарства во заболените делови од телото, а исто така и да ги лоцираат болните клетки.
Одлично откритие, зарем не? Но, што ако нанороботите паднат во рацете на лоши луѓе?
Над нас има 1 милијарда планети, слични на Земјата
Пред две години, момците од НАСА дошле до заклучок дека само во нашата галаксија може да ротираат околу 1 милијарда планети.
Овој факт само ја поттикнува мислата дека во овој универзум не сме сами.
3D печатење на човечка кожа
Ако сè уште сте шокирани од печатењето на домовите со 3D печатачи, ќе се запрепастите кога ќе чуете дека научниците презентираа биопринтер, кој може да отпечати целосно функционална човечка кожа. Кожата е погодна за трансплантација или медицински експерименти.
И сега замислете едно лице покриено во ваква кожа. Предизвикува малку страв, нели?
Мистериозен Универзум
Нашиот Универзум е толку огромен и мистериозен што сите наши знаења што ги имаме за него се само со 4% од целината. Темната материја и темната енергија, неговите главни делови, воопшто не се изучувани.
Единствено што астрономите се сигурни е дека Универзумот расте поради темните делови. Ова е фасцинантно и застрашувачко.
С. С. | Црнобело