Мудреци, селфи кралици, кавгаџии: Типови на луѓе што ќе ги сретнете на социјалните мрежи

Начинот на кој се однесуваат на социјалните мрежи открива многу за луѓето, иако за тоа честопати не се ни свесни. Се обидуваат да создадат одредена слика за себеси, а всушност оставаат сосема поинаков впечаток.

mudreci-selfi-kralici-kavgadjii-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-socijalnite-mrezhi-1.jpg

Лесно се препознаваат луѓето кои се полни со оптимизам и ведри погледи на светот, ама и тие на кои баш сѐ им е црно во животот, па такви се и нивните објави – негативни и напорни.

Помеѓу нив, ова се петте типови на луѓе што сигурно ќе ги сретнете на некоја од социјалните мрежи:

1. Умници

Тие постојано сакаат да се прикажат себеси како паметни. Поточно, дека се попаметни од другите. Затоа, тие го објавуваат само она за што мислат дека ќе оддаде таков впечаток за нив.

Очекуваат доста лајкови, но тие самите нема да ги лајкнат туѓите објави. Убедени се и дека од некоја причина, тие се поважни од другите. А, во суштина се само арогантни и не сфаќаат колку се ограничени во однесувањето.

Луѓето со широки размислувања знаат дека не се најумните на светот, како и дека секогаш можат да научат нешто ново од другите.

mudreci-selfi-kralici-kavgadjii-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-socijalnite-mrezhi-2.jpg

2. Не знаат за интима

Тоа се тип на луѓе кои на социјалните мрежи објавуваат буквално сѐ за себе. Баш секој нивен чекор мора да заврши на интернет. Во состојба се без срам да споделат дури и недолични фотографии, како на пример од тоалетот или спалната соба, бидејќи сите мора да знаат што точно прават во дадениот миг.

Тие се луѓето кои на другите им го сервираат секое делче од нивниот живот на тацна. Притоа, со секој лајк, тие се чувствуваат поприфатени, поисполнети и поважни. Гладни се за внимание.

mudreci-selfi-kralici-kavgadjii-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-socijalnite-mrezhi-3.jpg

3. Деловни типови

Спротивно на претходната група, деловните типови се строги професионалци, па за себе не откриваат ама баш ништо. Сконцентрирани се исклучиво на работата, на своите производи, или, пак, на услугите што ги нудат.

Се разбира, социјалните мрежи се одлична платформа за проширување на професионалните хоризонти, но не треба да се претерува. Луѓето сепак сакаат да дознаат нешто повеќе и за самата личност – каков ѝ е животот, како размислува, што ја весели.

За некој да ги заинтигира другите за својата работа, производи или услуги, најпрво мора да ги заинтересира за самиот себе како човек.

mudreci-selfi-kralici-kavgadjii-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-socijalnite-mrezhi-4.jpg

4. Селфи и само селфи

Ваквите типови е тешко да не ги забележите, бидејќи сѐ се врти околу нив самите. Доколку им ѕирнете во албумите и фотографиите, таму ќе пронајдете стотици селфи фотки и ништо повеќе од тоа.

Тогаш, логично е човек да се заспраша: „Па, зарем тој/таа нема баш никакви други интереси во животот, освен чкрапањето на сопствениот одраз во огледалото?“. Дури и кога ќе отпатуваат на некое интересно место, тие повторно ќе споделуваат слики кадешто нивниот лик доминира во кадарот. Како да сметаат дека тие самите се најинтересни, каде и да се наоѓаат.

mudreci-selfi-kralici-kavgadjii-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-socijalnite-mrezhi-5.jpg

5. Намќори

Тоа се луѓето кои постојано шират негативна енергија, а кавгите им се духовна храна. Луѓе што треба да ги избегнувате, како во реалниот, така и во виртуелниот свет. Тие везден би се карале со некого, оставаат еден куп непристојни коментари, а често објавуваат и тематски статуси со кои одново ќе може да ја истурат својата негативност врз другите корисници.

Притоа, имаат силна потреба на сите да им дадат на знаење дека се гневни и револтирани, дека не им грижа за туѓите мислења, дека со полно право се незадоволни поради нешто... Воглавно, речиси секој нивен потег го расипува расположението на тие што ќе го видат она што го објавиле.

mudreci-selfi-kralici-kavgadjii-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-socijalnite-mrezhi-6.jpg

Што се однесува до објавите, пак, тие може да се поделат во три категории:

1. Објави со висока енергија

Тоа се објавите кои зрачат со позитивна енергија, мир и радост. На пример, некое симпатично видео, фотографија со бајковит пејзаж, инспиративни цитати итн.

2. Неутрални објави

Тоа се објавите кои може да се окарактеризираат како информативни. Не влијаат на вашето расположение, ниту позитивно, а ни негативно. Таквите информации се корисни, но не предизвикуваат силна емотивна реакција.

3. Објави со ниска енергија

Тоа се објавите кои е подобро да ги избегнувате. Постојат луѓе кои како да се вакцинирани против среќа, па во сѐ  околу себе го гледаат само негативното. Таквите примероци знаат да објавуваат нешта кои предизвикуваат негативни емоции и го расипуваат расположението. Постојано се чувствуваат лошо, некому нешто замеруваат, повредени се, лути и само би се расправале со другите луѓе, обраќајќи им се со омаловажување и провокации.

mudreci-selfi-kralici-kavgadjii-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-socijalnite-mrezhi-7.jpg

Со какви луѓе и објави сте опкружени во вашето секојдневие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg