10 животни вештини на кои заборавија да ве научат во училиште
Марфи нека не ве демотивира затоа што најголемите животни лекции се учат од неуспесите.
На училиште учиме хемија, биологија, економија, право и тоа е навистина важно за нашата идна кариера, но таму дефинитивно не ни даваат никаква подлога како да излеземе на крај со секојдневните битки во животот.
Некои лекции едноставно не се учат на училиште:
Способноста за носење одлуки е неопходна
Колку пати сте се нашле со главата во перница во очај дека не знаете да ја донесете вистинската одлука? Има два типа на личности: оние кои блокираат се од главата до последниот миг и тогаш решаваат под притисок и оние кои мислат премногу и решаваат во последниот миг под притисок.
Мора да ја совладате уметноста на планирање и поставување приоритети, да правите листи со позитивни и негативни страни и со тоа да го заострите делот од мозокот одговорен за носењето на одлуки.
Скршеното срце е неизбежно и не плашете се од тоа
Не постои човек што не минал низ вакво тешко искуство. Смрт на блиска личност или раскинување на емотивна врска и скршеното срце е тука.
Во вакви ситуации не потценувајте ја моќта на искрените прегратки, чоколадите, новите чевли и личност која ви вели дека се ќе биде во ред.
Безвременската вештина на менаџирање со времето
Немањето баланс помеѓу работата и приватниот живот предизвикува депресија, анксиозност и пропаднати врски, а главната причина за тоа е лошиот менаџмент со времето.
Никогаш не е предоцна да започнете свесно да размислувате за планирање на обврските, бидејќи повеќе не сте во училиштето каде имавте строго зацртан распоред.
Понекогаш ќе се чувствувате како Марфи да е вљубен во вас
Сите имаат такви денови кога ништо не им оди од рака. Омилениот тим ви губи, чевлите на попуст ви ги купиле...
Мора да научите да ги прифаќате ваквите денови и да не тонете со мислата дека универзумот се свртел против вас. Понекогаш најлесното решение е само порано да појдете во кревет.
Преземете одговорност за вредните работи во животот
Некогаш располагавте само со моливи и тетратки, а денес треба да се грижите платата да ви издржи цел месец, да не го надминете лимитот на картичките, да не го изгубите вредниот накит.
Учењето на лекцијата околу грижата за своите работи ќе ви биде од помош во текот на целиот живот.