10 животни вештини на кои заборавија да ве научат во училиште
Работете на самодовербата
Сите се нервозни кога зборуваат на сцена или добиваат покана за на љубовен состанок, никој не е роден самоуверен.
Самодовербата треба да ја градите со труд и вложување низ годините. Предизвикајте ги своите стравови и станете посамоуверена личност.
Не возете се на задното седиште на авантурата наречена живот
Тргањето во сенка и не преземањето одговорност за работите е најголемата грешка што може да ја направите.
Преземете контрола врз ситуациите во вашиот живот, па штедете за утре да може да си дозволите одреден период за барање нова работа и не станувајте зависни од партнерот за да се чувствувате способни ако случајно еден ден треба да продолжите без него.
Вистината за неуспехот
Ништо не ве приближува повеќе до успехот, како што прави неуспехот.
Престанете да си создавате ментален притисок ако доживеете неуспех, само прифатете го, научете од него и продолжете по патот со некоја животна лекција плус за во идни ситуации.
Важноста на емпатијата и работата во тим
Има многу ситуации во кои ќе се ставите себеси пред другите, но не треба да се лажете дека сите околу вас се роботи без срце.
Тие имаат емоции и вие ги повредувате со вашите постапки. Доста бевте себични и концентрирани на индивидуалниот успех. Успехот се постигнува со семејството, пријателите, роднините, нацијата... Сите тие се ранливи како и вие, па подадете си рака.
Животот е најдобриот учител
Не е училиштето, туку животот е! Соочувањето со вистинскиот свет по завршувањето на образованието, преку успеси и падови, ќе ве научи како да пливате низ него.
Туку нема книги, ниту прирачници, тука треба да ги прегрнете можностите и да тргнете во авантура.
С. С. | Црнобело