4 животни кризи со кои сите се соочуваме на различна возраст и како да ги надминеме

Премногу компромиси, премалку време минато во исполнување на своите желби... Доста е!!!

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-001.jpg

Невозможно е да ги избегнеме работите кои ни се случуваат неочекувано во животот, па така е и со кризите кои ни ги носат годините.

Ако и вие сметате дека кризата е лоша работа и треба да ја надминете или да умрете обидувајќи се, тогаш потребно ви е кусо упатство од овој тип.

Како да ја препознаете претстојната криза, кои прашања да ги одговорите и каде да пронајдете сила за да се соочите со новото поглавје во вашиот живот:

18 години

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-01.jpg

Состојба:

Замислете тинејџер во состојба на комплетна конфузија, принуден да дава одговори на фундаментални прашања. На тоа додадете ја емоционалната тензија и радикалниот поглед на светот, што е карактеристичен за оваа возраст.

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-02.jpg

Ова најчесто е годината на матурирање и запишување на факултет. Можеби чуда не се случуваат, но изборите направени оваа година влијаат во голема мера на иднината.

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-03.jpg

Решение:

Да бидеме искрени, невозможно е да се донесе одлука за која со сигурност можеме да тврдиме дека ќе биде добра за нас во иднина. Но, за да се обидеме да го сториме тоа, треба да се оттргнеме од стресот, да размислуваме надвор од кутијата и да си ги поставиме овие прашања:

„Ако можам да направам само едно нешто за целиот мој живот, што би било?“

„Што ќе сторев, ако не се плашев од ништо?“

25-30 години

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-04.jpg

„Четвртвековната“ криза некои луѓе ја опишуваат вака: „Се чувствувам како да сум среде океан. Како да можам да пливам во секоја насока, но никаде не гледам копно, па не знам во кој правец да тргнам.“

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-05.jpg

Состојба:

Денес нема потреба да го минете целиот ваш работен век во една компанија. Личниот раст е број еден приоритет. Ќе имате многу време за зајакнување на семејните вредности. Животното искуство на нашите родители прави да се чувствуваме виновни за нашите неисполнети планови и скршени ветувања.

Периодот на криза е можност да отидете на дното, да се смирите, да ги процените вашите можности за иднината, да ги разберете вашите желби, да се релаксирате и закрепнете. По ова, ќе се чувствувате моќни добро да се одбиете од дното кон површината.

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-06.jpg

Решение:

- Прво, престанете да се споредувате со пријателите, соучениците, колегите и особено со децата на пријателките на мајка ви.

- Ако не сакате да исполните нечии планови за вашата иднина, кажете им веднаш. Не треба да се надеваат за да не бидат разочарани.

- Тестирајте и правете грешки! Знаете како велат, за да видиш дали тестенините се сварени, треба да фрлиш мал дел на ѕидот. Ако се залепат, готови се, а ако паднат долу, им треба уште време. Истиот принцип функционира и во животот. Не плашете се од грешките, обидувајте се!

- Еден е подобро од нула. Правете планови и следете ги секој ден.

35 години

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-07.jpg

Состојба:

Ви изгледа како да живеевте неправилно целиот ваш живот. Премногу компромиси, премалку време минато во исполнување на своите желби. Премногу „морам“, наместо „сакам“. Деновите минуваат, меланхолијата и депресијата стапуваат на сцена, разочарувањето и стагнацијата во сите сфери од животот како да ви дишат во врат. Изгледа како да е премногу доцна за да ги поправите работите.

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-08.jpg

Ако не се чувствувате доволно храбри за да започнете да го менувате вашиот живот, читајте литература за круцијални моменти од животот, гледајте инспиративни филмови или посетете психолог.

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-09.jpg

Решение:

Неопходно е да направите пауза и да посветите малку време на себе. Поставете си ги овие прашања:

„Ако имав 20 милиони евра и 10 години, што ќе сторев?“

„Кои се моите планови? Што навистина сакам?“

„Што сакам моите деца да научат за мене?“

45-50 години

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-10.jpg

Состојба:

Вашата работа престана да ви носи задоволство пред многу години, љубовта е одамна исчезната, куќата е само 4 ѕида и ништо повеќе, а вашите деца се толку зафатени со сопствените животи што едвај обрнуваат внимание на вашите проблеми. Ви изгледа како целиот живот да ви бил посветен на погрешната работа, како од почетокот да направивте грешка и да заборавивте да ја исправите, следејќи туѓ пат.

Не се осмелувате да погледнете напред поради стравот од смртта. Песимисти сте и недостигот од желба ве спречува да го процените вашето минато соодветно.

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-11.jpg

Може ви звучи очигледно, но треба да се соберете. Чекор по чекор, ослободете се од негативните мисли. Започнете со правење планови. Така е, правете планови. И обрнете внимание на највредните работи во вашиот живот.

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-12.jpg

Решение:

- Ако гледате дека на вашата кариера ѝ доаѓа крајот, размислувајте за пензија или пронајдете нова работа или земете го заслужениот одмор.

- Останете активни. Спортот и умерените физички активности ќе ви ја подобрат циркулацијата на крвта и ќе ви го снабдат мозокот со кислород.

- Останете во контакт со семејството и пријателите. Тие претставуваат врска со вашите „помлади“ години и позитивни спомени. Децата и внуците се вашата иднина.

Бонус: Чудни кризи низ годините

vodich-kako-da-preziveete-4-krizi-povrzani-so-godinite-shto-ni-se-sluchuvaat-na-site-13.jpg

Во нивните чудни години, децата сакаат да пробаат сè за да изгледаат покул во очите на нивните пријатели. Важно е да му помогнете на детето да не се изгуби во светот од илјадници можности. Покажете им на кој начин да го направат вистинскиот избор.

Наместо нудење помош, возрасните често започнуваат војна со „тинејџерските бунтовници“. За жал, никој не добива во оваа војна. Обидувајќи се да ја потиснат емоционалната бура на младите, возрасните често го кршат нивниот дух, што може да предизвика низа погрешни избори во иднина. Може да се случат многу работи: од неспособност за носење одлуки до разни зависности и психички состојби.

Овие совети се клучни за справување со вашиот мал бунтовник:

- Покажете интерес за неговиот живот: прашувајте, слушајте, охрабрувајте го!

- Запомнете дека во некој миг од животот вашето дете може да биде задевано на училиште. Бидете тука за него за помош, поддршка и решавање на конфликтот.

- Контролирајте го присуството на социјалните медиуми и модерните технолошки изуми во животот на вашето дете.

- Поставете му добар пример на вашето дете.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg