Не канат гости, немаат тоалет: Чудни факти за домаќинствата во одредени делови на Кина

Добро е познато дека за да ја запознаете културата на еден народ, не е доволно само да ја посетите земјата и да видите како луѓето се однесуваат.

ne-kanat-gosti-nemaat-toalet-chudni-fakti-za-domakjinstvata-vo-odredeni-delovi-na-kina-01.jpg

Сѐ додека не поминете подолг период на едно место и да го видите секојдневието и начинот на кој живеат тие луѓе, нема да знаете како тоа изгледа.

Па, така е случај и со Кина. Многумина кои останале да живеат подолго време во некои делови од оваа земја, се изненадиле од искуството кое го преживеале.

Според нивните сведоштва, Кинезите живеат многу поразличен живот од нас. Секако, можеби оние кои биле во Кина ќе се спротивстават на овие факти, но Кина е огромна земја.

Тоа е земја во која жителите на две соседни села може да не се разберат бидејќи зборуваат различни дијалекти. Кина е земја каде храната од еден град не може да се најде со сигурност и во друг.

Овие работи не важат за цела Кина, туку за одредени делови на земјата каде луѓето ги доживеале следниве искуства:

Кинезите ретко канат гости дома

Ова е премногу комплицирано бидејќи ручекот се состои од многу оброци, па кога пријателите се собираат, тие одат во ресторан. Евтино е, дури и ако го земете предвид фактот што тој што кани, плаќа за сите.

Во некои места во Кина, одличен ручек за 5 луѓе чини околу 50 евра.

ne-kanat-gosti-nemaat-toalet-chudni-fakti-za-domakjinstvata-vo-odredeni-delovi-na-kina-02.jpg

Многу домаќинства немаат тоалет и бања

За разлика од нормалните згради со станови кои се мултифункционални (како и нашите), на некои места во Кина има многу домови кои личат на кутија.

Ентериерот е едноставен, само 2 работи се задолжителни – симболи напишани на вратата кои значат „со среќа“ и портрет од Мао Це Тунг во најголемата соба.

Тоалетите се наоѓаат надвор и немаат туш, па луѓето кои живеат во вакви домови, често се бањаат на работа.

Дури и ако има тоалет, нема тоалетна школка

Дури и во модерните станови, нема традиционални тоалетни школки на кои сите сме научени. Наместо тоа, имаат чучавци, а Кинезите мислат дека тие се подобри за дигестија.

ne-kanat-gosti-nemaat-toalet-chudni-fakti-za-domakjinstvata-vo-odredeni-delovi-na-kina-03.jpgЈавен тоалет - нема школка, но има телевизор

Немаат тоалетни школки во домот, но имаат во ресторани

Ова е познат ресторан во Шангај каде гостите седат на „тоалетни школки“.

ne-kanat-gosti-nemaat-toalet-chudni-fakti-za-domakjinstvata-vo-odredeni-delovi-na-kina-05.jpg

Водата од тушот тече на подот

Када има само во скапите хотели и во домовите на богатите луѓе во големите градови кои можат да си го дозволат тоа. Останатите, користат само туш од кој водата тече директно на подот.

ne-kanat-gosti-nemaat-toalet-chudni-fakti-za-domakjinstvata-vo-odredeni-delovi-na-kina-04.jpg

Кујните се многу мали

Мали и тесни. Има доволно место само за мијалник, неколку шкафчиња и шпорет кој најчесто работи на плин.

Новите домови се прават без прозори

Кога нови сопственици купуваат некој стан, тие мора сами да си наместат стакло на прозорците. Затоа често може да се забележат празни дупки наместо прозори на околните балкони.

Независно од спратот, прозорците и балконите се заградени

Кинезите велат дека поставуваат решетки за да спречат паѓање на децата, а не за заштита од кражби. А, речиси секој станбен комплекс има сопствено обезбедување и порти кои се затворени во текот на ноќта.

ne-kanat-gosti-nemaat-toalet-chudni-fakti-za-domakjinstvata-vo-odredeni-delovi-na-kina-06.jpg

Нема централно греење

Во некои делови од Јужна и Централна Кина во домовите дури нема воопшто греење. Зимските температури се движат од 0-10⁰С и Кинезите не се гржат многу за тоа. Едноставно, дома седат во истата облека што ја носат надвор.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg