6 типови на нормално однесување кое може да значи дека сте потаен психопат
На повеќето од луѓето им се познати главните карактеристики на психопатите. Психопатите не чувствуваат емпатија или жал, се извонредно шармантни и успешни во манипулација на луѓето околу нив.
Сепак, научниците имаат откриено многу повеќе карактеристики кои се поврзани со психопатите.
1% од светската популација се психопати, но немојте да се грижите тоа не значи дека сите психопати се сериски убијци.
Во 2005 година, Џејмс Фалон ја студирал активноста на мозоците на психопатите (вклучувајќи ги и убијците) во неговата лабораторијата и заклучил дека и неговиот мозок содржи некои слични карактеристики како оние на учесниците.
Еве неколку неочекувани карактеристики кои се поврзани со психопатите:
1. Студиравте Бизнис науки
Различни работи привлекуваат различни типови на личности. Срамежливите луѓе не работат во продажба, работна позиција која би била многу атрактивна за луѓето кои се големи екстроверти. Ако сте психопат, тогаш веројатно најмногу ве привлекуваат бизнис студиите.
Во истражување од 2017 година, во кое е испитувано како карактеристиките на личноста се поврзани во изборот на студирање, откриено е дека оние кои имаат посебен интерес во полето на нарцисизмот, макијавелизмот и психопатијата најчесто избираат да студираат економија и бизнис. Желбата за моќ, статус и пари се она што ги привлекува психопатите кон овој избор.
2. Не се заразувате од проѕевање
Како што веќе знаете психопатите имаат недостаток на емпатија кон други лица. Емпатијата е многу повеќе од тоа да ја чувствувате болката на другите. Една од теориите за заразното проѕевање е дека е одговор на емпатија.
Психопатите сепак не се заразуваат од проѕевање. Ако сте индиферентни кога некој се прозева до вас тогаш веројатно имате проблем со емпатијата или сте психопат.
3. Вие сте ноќна птица
Нашите биолошки часовници се многу важни. Некои од нас колку и да се трудат не можат да бидат свежи наутро, а други никогаш не можат да си легнат и да спијат рано. До некој степен биолошкиот часовник е наследен генетски, иако се менува во текот на животот.
Луѓето кои имаат асоцијални тенденции сепак остануваат будни во текот на ноќта. Луѓето кои не легнуваат да спијат до касно имаат многу помрачни персонални карактеристики од другите.
4. Креативни сте
Уметниците и другите креативци често се движат по свој сопствен ритам и многу често ги прекршуваат социјалните норми и правила. Многу карактеристики како лесно преземање ризик и слично кои се поврзувани со психопатите исто така ги имаат и креативците. Некои од луѓето ја користат својата креативност за создавање уметност, додека некои наоѓаат многу помрачни употреби.
5. Сè уште сте пријатели со вашите бивши
Психопатите се познатите по тоа што размислуваат ладно и имаат умешност во манипулирање. Овие карактеристики можат да ги натерат да ги чуваат нивните бивши партнери близу многу долго откако врската ќе заврши. Т
ие најчесто ги чуваат бившите за резерва поради практични причини а не поради тоа што се водени од емоции. Исто така тие несакаат да бидат губитници, затоа сакаат да ги чуваат бившите за да имаат контрола врз тоа кој ќе биде тој што ќе ја заврши врската.
А. В. | Црнобело