Низ илустрации: Откријте дали сте емоционално нестабилна личност

Малите работи во животот ве обликуваат, па време е да промените одредени работи во вашето однесување за да постигнете емоционален мир.

otkrijte-dali-ste-emocionalno-nestabilna-lichnost-spored-odnesuvanjeto-001.jpg

Задоволството од нашиот живот и емоционалната стабилност се неопходни за добро функционирање во секојдневието.

Но, ако постојано сте несигурни, растроени и чувствувате дека сите трагедии на светот ви се случуваат само вам, тогаш најверојатно сте емоционално нестабилна личност.

Неколку симптоми кои посочуваат на тоа:

Страст за популарност

Сите ја имаат оваа желба, но ако таа раководи со вашиот живот и расположение, тогаш имате сериозен проблем.

1.jpg

Двоумења околу изгледот

Дури и најубавите личности на светот имаат несигурности околу изгледот. Сите имаат лош ден од време навреме, но ако постојано се оптоварувате со тоа, време е да преземете нешто.

2.jpg

Се грижите што ќе кажат другите

Постојано се грижите што ќе кажат другите луѓе за вашиот изглед и како ќе реагираат на вашите зборови и постапки. Не грижете се за негативните реакции, такви имало и ќе има.

3.jpg

Неподготвеност за неуспех

Никој не сака одбивање и неуспеси, но тоа е нормален дел од животот, па мора да научите да се носите со тоа.

4.jpg

Високи очекувања

Убаво е да имате високи стандарди поставени за себе и насоченост кон постигнување на одредени цели, но навистина ќе бидете под притисок ако сакате премногу работи да ви се случат пребрзо.

5.jpg

Чувствувате завист

Многумина веруваат дека другите се многу посреќни од нив. На Инстаграм гледате само среќни фотографии и луѓе со совршено подредени коцки во животот, но верувајте ситуацијата во реалноста е сосема поинаква.

6.jpg

Несфатени сте

Верувате дека никој не може да ве разбере и никој не е способен да го искуси тоа што го искусувате вие. Вашите трагедии се најголеми и постојано се жалите од сè. Време е да престанете со ова и да научите да се борите во животот.

7.jpg

Се критикувате постојано

Никогаш не сте доволно добри, доволно убави, доволно успешни... Постојано се споредувате со некој и чувствувате дека нешто ви недостасува. Паметни сте, убави сте и амбициозни - денот започнете го со оваа мисла.

8.jpg

Не ги цените саканите

Мислите дека љубовта од саканите е безусловна и ја земате здраво за готово. Никогаш не сте подготвени да им помогнете и да им излезете во пресрет. Ако сакате да имате емоционален мир, покажете им љубов преку дела.

9.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg