Говор на тело: 7 трикови за подобра комуникација со другите

Самоуверен од, исправено седење, контакт со очи, отворени раце и силно ракување се основите на успешната комуникација.

govor-na-teloto-7-trikovi-za-podobra-komunikacija-so-drugite-01.jpg

Секојдневни средби и разговори, запознавање нови луѓе, бизнис состаноци, интервјуа за работа, сите овие се ситуации кога зборот е нашата главна алатка.

Сепак, не треба да го запоставиме ни значењето на изразот на лицето, движењата и целокупниот говор на тело.

Луѓето околу вас преку вашата гестикулација забележуваат дали сте нервозни, несигурни или самоуверени во контактот со другите.

Со неколку трикови можете лесно да ја подобрите вашата комуникација, кога е говорот на телото во прашање:

Бидете огледало на вашиот соговорник

Експертите од областа на комуникологијата се согласни дека положбата на вашето тело во однос на оној со кој разговарате е навистина важна.

Да се биде огледало на соговорникот значи да се биде свртен кон него, да се следи неговата положба и на тој начин да му се покаже почит. На овој начин ќе му се претставите како личност од доверба и ќе ја подобрите комуникацијата со него.

Имајте самоуверен од

Многу е важно кога се трудите да стапите во контакт со некого и сакате да му оставите впечаток на личност со став да имате исправен и енергичен од.

Ако вашиот е од е навален, безенергичен, па дури и срамежлив, ќе изгледате како личност која е несигурна во себе и своите квалитети.

Така што насмевка на лицето и главата горе!

govor-na-teloto-7-trikovi-za-podobra-komunikacija-so-drugite-04.jpg

Одржувајте контакт со очите

Контактот со очите е основата на комуникацијата со другите. Без разлика со кого и за што разговарате, одржувајте контакт со очите.

Очите се ваше огледало, па со ваквиот став му давате на соговорникот до знаење дека може да има доверба во вас, односно во тоа што го говорите.

Не ги кријте рацете за време на разговорот

Понекогаш тешко е рацете во текот на разговорот да ги држите мирни. Тоа најчесто е последица на трема или нервоза. Често тие завршуваат прекрстени, во џеб или со нив постојано ја допирате косата, а со ова, според комуникологијата, се смета дека на соговорникот му испраќате негативна слика.

За време на разговорот, рацете треба да ви бидат на видно место за да испратите порака дека ништо не криете, отворени сте за комуникација и подготвени за компромис. И, се разбира, положбата треба да ви биде мирна за да оддадете впечаток дека сте смирени.

govor-na-teloto-7-trikovi-za-podobra-komunikacija-so-drugite-02.jpg

Контролирајте ги движењата

Важно е да постигнете баланс и говорот на телото да ви биде природен. Доколку сте премногу немирни при комуникацијата и не знаете што со себе, тоа нема да остави добар впечаток, но од друга старана пак не треба да бидете ниту многу здрвени и вкочанети, бидејќи тоа е став непријатен за вашиот соговорник.

Ставете насмевка на лицето и со помош на умерени и контролирани потези ќе изгледате опуштено, но сепак доволно сериозно, кога ситуацијата го наложува тоа.

дека ќе успеете во намерата да му оставите добар впечаток на соговорникот.

Имајте цврст стисок со раката

Млакиот поздрав воопшто не е препорачлив.

Прифатете ја раката на соговорникот, стиснете ја доволно, но не и премногу во смисла да бидете груби и направете 2-3 кратки вертикални потези.

govor-na-teloto-7-trikovi-za-podobra-komunikacija-so-drugite-03.jpg

Седете исправено

Подгрбавениот став дефинитивно не е добар во комуникацијата со другите.

Исправете се и применете сè од горе наведеното – контакт со очи, отворени раце, контролирани потези и бидете сигурни дека ќе оставите одличен впечаток.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg