Како настанале роденденските прослави?

Дали некогаш сте размислувале зошто го прославувате роденденот? Кога ќе размислите подобро тоа е само еден начин за вашето семејство и вашите пријатели да ви честитаат дека сте живи и оваа година. Но поради некоја причина, роденденот значи многу повеќе од тоа.

zosto go proslavuvame rodendenot 1

Иако истражувањата за точното потекло на роденденот и роденденската торта не се прецизирани, има неколку факти за да го пронајдаме барем приближниот извор.

Египјаните биле први кои започнале со славење

На крунисувањето на фараоните во антички Египет, се сметало дека церемонијата ги претвара фараоните во богови. Ова свето унапредување за нив претставувало многу поважно отколку датата на нивното вистинско раѓање.

Овие церемонии биле прославувани со забави кои би му доликувале на еден бог. Забавите се спомнати дури и во библијатата, како раѓањето на фараонот како бог.

Грците додале свеќи на тортата

Грците ѝ носеле торта во форма на месечина на божицата Артемида како еден начин на искажување почит према божицата на месечината. За да ја покажат целата убавина на месечината, тие палеле свеќи и ги ставале врз тортата за да ѝ го доловат целиот сјај.

Исто како и Египјаните и Грците ги прославувале родендените единствено на боговите на кои им се потчинувале.

Римјаните биле први кои почнале да го прославуваат роденденот на обичниот човек

Се смета дека Римјаните биле првата цивилизација која почнала да го слави роденденот на нерелигиозните личности. Римјаните ги прославувале родендените на пријателите и на членовите на семејството, додека пак владата ги прославувала родендените на попознатите личности.

Оние кои го прославувале 50-тиот роденден добивале торта направена од бело брашно, маслиново масло, мед и сирење. Женските родендени не почнале да се прославуваат сè до 12-ти век.

Христијаните ги сметале родендените за пагански ритуали

Христијанската црвка ги сметала родендените како прославување на злото, затоа што верувале дека луѓето се родени грешни и нивното раѓање не треба да се слави. Тие не верувале во прославување на родендени во првите стотина години од појавувањето на традицијата.

Потоа си го промениле мислењето и почнале да го слават раѓањето на Исус како Божиќ.

Роденденските торти биле измислени од германските пекари

Иако генералната идеја за прославување на родендени веќе била позната низ светот, роденденските забави не приликувале воопшто како на оние што ги прославуваме денес. Германците кон крајот на 18-ти век почнале да прават детски родендени кои веќе наликуваат на оние денешните.

Тие на роденденот имале торта и свеќи за секоја година за која детето било живо и плус уште една со надеж дека ќе биде живо и оваа година. Тие исто така почнале да ги дуваат свеќите и да замислуваат желби.

Индустриската револуција ја донела тортата до пошироката маса на луѓе

Одреден период роденденските прослави на кои имало слатки торти биле достапни само за побогатите, затоа што потребните состојки биле многу скапи. Но, индустриската револуција овозможила прославите да бидат достапни до повеќето култури и народи.

Не само што состојките можеле да се најдат насекаде, туку и пекарите почнале да прават торти по многу пониска цена.

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни) Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...
Родителите ја изгладнувале, успеала да ги спаси 12-те браќа и сестри – Потресната приказна на инфлуе... ТикТок ѕвездата Џордан Турпин успеала да ги спаси нејзините 12 браќа и сестри од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg