Супер ти стојат фармерките - 9 најлоши совети коишто сме им ги дале на пријателите

Пријателството е инвестиција – добиваш онолку колку што вложуваш. Но, дури и кога имаме најдобри намери, некои совети кои им ги даваме на пријателите воопшто не се добри.

Najlosi-soveti-koisto-sme-im-gi-dale-na-prijatelite-01.jpg

Интересно е што многу од нив и самите сме ги добиле како совет и насока. Слободно може да констатираме дека како и во љубовта, така и во пријателството, постојат неколку стереотипни совети кои сите упорно ги даваме и добиваме, а припаѓаат на најлошиот тип:

Дај ѝ повеќе време на личноста да се докаже

Можеби сакаме да веруваме во доброто кај луѓето, а можеби само не сакаме да си ги повредиме пријателите. Но, кога некој упорно се однесува лошо кон нив, ги игнорира, ги извисува, ние скоро секогаш се ставаме во одбрана на оние кои си играат со нив.

Биди трпелив/а, дај му повеќе време, можеби е затворена личност која не искажува чувства толку лесно… се работите кои ги кажуваме, наместо грубата вистина: На таа личност не ѝ е гајле за тебе. Заборави ја и продолжи понатаму.

Игнорирај го и глуми недостапна

Навистина не сме повеќе во средно училиште. Доколку некој е заинтересиран за некого, треба да собере храброст и да му признае, наместо да врти наоколу, да глуми ладен и недостапен.

Наместо овие бесцелни совети, поработете на самодовербата кај вашите пријатели. Охрабрете ги да преземат акција и уверете ги дека дури и да не испадне ништо, не е крај на светот.

Имаш многу високи критериуми!

И што има погрешно во тоа? Дали повеќе би сакале вашиот пријател или пријателка да биде со кого било, само за да не остане сам/а?

Дај сè од себе и не мисли на неуспех

Убаво е да се дава поддршка на пријателите, но понекогаш ненамерно и самите им создаваме дополнителен притисок. Секако дека сакаме да успеат, но секој човек размислува и за последиците на неуспехот.

Најдобро е да останеме реални. Добро пријателите да знаат дека дури и да не успеат, ние ќе бидеме секогаш тука за нив.

Парите не се важни

Оваа изјава може да потекне само од некој кој ги има и повеќе од доволно и нема потреба да се заморува со недостаток на финансии. Секој човек ој размислува реално ја сфаќа неминовното нужно зло наречено пари.

Секако дека се важни. За работата, животот, па дури и за љубовта. И создаваат проблеми, и кога ги има премногу, и кога ги нема доволно. Добриот пријател ќе го предупреди другиот за овој важен факт.

Аман купи ги веќе чевлите!

Само затоа што немате веќе трпение да гледате како вашиот пријател ровари низ продавниците, тоа не е причина да го охрабрите да ја помине картичката 10 пати во секоја од нив.

Добриот пријател ќе ве потсети дека имате доволно работи и ќе ве натера да се запрашате – дали тоа ти е неопходно во моментот?, наместо да ве поттикнува да трошите уште повеќе.

Смени си го животот и стани посреќна личност

Кога пријателите се дават во самосожалување и блага депресија, воопшто не е паметна идеја да им делите генерички совети за вртење нова страница во животот и за тоа како треба да се освестат и да рипнат на нозе со нова енергија.

Наместо тоа, внимателно сослушајте ги и заедно дискутирајте ги проблемите. Тие самите ќе дојдат до заклучокот којшто им го давате. Ќе направат промена во животот кога ќе се подготвени, сè што им треба сега е добар слушател и рамо за плачење.

Заборави го минатото

Да, никој не треба да остане заглавен во минатото, но тоа не треба да се заборави. Наместо да се зборува постојано за него, треба само да се извлече поука од направените грешки.

Супер ти стојат фармерките

Можеби навистина немаме време за шопинг со пријателите или пак немаме срце да им ја кажеме вистината во лице секогаш од страв да не ги повредиме, но добро е сепак да најдеме начин да им ја соопштиме кога нешто не им стои и не им одговара.

Наместо да бидете груби, одберете фини зборови со кои ќе им дадете до знаење дека некој друг модел на фармерки ќе им стои многу подобро.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg