Како Скандинавците живеат квалитетен и среќен живот, на кој целиот свет е љубоморен?
Со години Скандинавците важат за едни од најсреќните народи со најквалитетен живот. Која е тајната? Дали можеме да усвоиме одредени навики за и ние да бидеме посреќни?
Постојат 10 главни причини зошто Скандинавците се толку среќни и успешни во она што го прават:
1. Присуство на родителите
„Сè за семејството“ е слоганот по кој живеат Скандинавците. Тоа значи дека мајката има 480 дена породилно отсуство, а 390 дена од нив родителите имаат паричен надомест од 80% од платата.
2. Големи семејства
Во Скандинавските земји е малку чудно доколку детето нема братче или сестриче. Благодарение на одличните услови, речиси сите се одлучуваат да формираат повеќебројни семејства.
3. Љубов кон велосипедите
Велосипедизмот во Скандинавските земји не е спорт, туку начин на живот, посебно во Данска. Таму не е ништо чудно да видите луѓе кои одат на работа со велосипеди на минусни температури, а дел од метроата имаат посебни вагони за велосипедисти, па дури и лифтови во кои може да ве собере заедно со велосипедот.
4. Еднаквост
Во Скандинавските земји, сексистичките дебати и шеги не се популарни. Заради тоа, разликата помеѓу половите е на најниско ниво.
5. Мал број на сирачиња
Повеќето сирачиња живеат со привремени семејства, бидејќи се смета дека доколку живеат во институции, ќе им недостасува емотивна конекција понатаму во животот.
6. Љубов кон спортот
Големо внимание им се посветува на спортовите и токму заради тоа во некои земји има и кратки одмори во текот на годината за да можат да спортуваат. Зимските спортови се меѓу едни од најпопуларните.
7. Учење за квалитетната исхрана
Децата уште од најрани години знаат која храна е добра за нивното тело, а која е штетна, бидејќи сè им е убаво детално објаснето. Чоколадите и слатките не се дозволени повеќе од еднаш во неделата и тоа е сосема нормално и прифатено.
8. Грижа за старите лица
Во Скандинавските земји има места во кои пензионерите можат да се соберат и да разговараат, да играат игри, спортови, да танцуваат и да ги слават празниците за да не се чувствуваат осамено.
9. Високо ниво на едукација
Според истражувањата во Европа, Скандинавците постојано го развиваат системот за едукација. Околу 4/5 од финансиите предвидени за едукација се вложуваат во наставниците, а останатата 1/5 во подобрување на условите и просториите.
10. Баланс помеѓу работата и семејниот живот
Во Скандинавските земји, споредбено со останатите земји во светот, работниот ден е пократок, а празниците и одморите подолги. Во просек, таму работниот ден трае 7,5 часа.
М. Д. | Црнобело