11 типови на пријатели од кои е подобро да останете на страна
Навистина нема потреба да се дружите со егоисти, завидливци, критичари и цицачи на енергија.
Убаво е да се има вистински пријатели околу себе. Оние со кои е лесно да комуницираш, можеш да разговараш за сè, да се забавуваш, но и да се отвориш пред нив за проблемите.
Но сепак помеѓу многуте пријатели секогаш се наоѓаат и некои што е подобро да ги тргнете од вашиот живот:
Жртви: „Тебе добро ти оди, не си како мене!“
Тие се жртвени јагниња, кои постојано се повредени, погазени и страдаат. Сите трагедии на овој свет им се случуваат токму на нив.
Комуникацијата со нив е невозможна освен ако не сте подготвени константно да им ги бришете солзите и да им ги слушате трогателните разговори.
Спасители: „Сега ќе ти кажам како да го направиш тоа!“
Тие во секоја пригода имаат инструкции и совети. Дури и да немате проблеми и сте сакале да разговарате за нешто друго, тие ќе извлечат некој совет од ракавот.
Го обожаваат чувството дека се грижат за некого. Дали ви е потребно ова во животот?
Завидливци: „Ех да имав среќа како тебе...“
Овие луѓе сакаат по секоја цена да го имаат тоа што вие го имате, а ако на крајот го добијат сфаќаат дека всушност не го сакале и ве посочуваат вас како виновници.
Вие им кажувате за своите достигнувања, а тие зеленат од љубомора, не е баш вистинско пријателство, зарем не?
Идеалисти: „Ајде сега...“
Кога една личност е заведена од некоја нова идеја, таа веднаш започнува да им проповеда на другите, па така постојано ќе слушате за заштита на животните, за некој нов вид на медитација, за правилна исхрана или за заработувачка преку интернет.
Ќе треба да бидете навистина издржливи за да го поднесете овој притисок.
Авантуристи: „Леле, да знаеш што ми се случи минатата ноќ...“
Овие личности живеат со мотото „Имаме само еден живот“. Постојано трагаат по авантури и одредено време да се биде во нивно друштво е навистина забавно.
Но по некое време ќе се уморите од нивното темпо, кое ќе направи да ви изгледа дека вашиот живот е премногу здодевен.
Молители: „Ќе можеш ли?“
Тие се луѓе кои постојано бараат услуги. И во ред е да им помогнете неколку пати, но ако на таа личност ѝ е комфорно постојано нешто да бара од вас, подобро е да ја прекинете врската.
Инаку ќе го носите молителот на врат и ќе се чувствувате виновни за неговите неволји.