11 типови на пријатели од кои е подобро да останете на страна
Безделници: „Навистина? Тој го стори тоа? Што ти кажа?“
Во животот на овие луѓе празните зборови се главна работа. Тие најчесто не се професионално ангажирани и времето си го трошат на непотребни разговори.
Од таков пријател не очекувајте некоја помош или големо разбирање.
Егоисти: „Но јас...“
Тие не се заинтересирани за вашиот живот воопшто, па затоа постојано разговорот го насочуваат кон себе.
И кога ќе им се пожалите дека сте отпуштени од работа, тие ќе ви кажат некоја изјава од типот: „Навистина? Лошо. И јас вчера се чувствував ужасно, новите чевли ме убиваа.“
Цицачи на енергија: „Оди си, престани, преку глава си ми!“
Сигурно сте сретнале енергетски вампири од кои по средбата се чувствувате како исцеден лимон.
Тие се способни за манифестирање на неконтролирани испади на бес и дрско однесување. Па зошто да ги толерирате?
Бесчувствителни: „Каде ја пронајде оваа ужасна јакна?“
Овие луѓе имаат навистина несфатлива навика да ви ги повредуваат чувствата.
Може да ви постават незгодно прашање од кое ќе поцрвенете или да направат несоодветна шега на ваша сметка. Во нивно присуство не можете да се релаксирате.
Критичари: „Повторно погреши!“
Здравиот критицизам е секогаш добредојден, но кога луѓето се навикнати да критикуваат постојано и за сè, проблемот е во нив, а не во вас.
Најверојатно се несреќни во својот живот и се чувствуваат како губитници, па сакаат да го расипат сечие расположение.
С. С. | Црнобело