Што правеле луѓето за забава пред ТВ ерата?

Многу одамна пред луѓето да имаат огромен избор на ТВ канали и интернет, ако сакале да пребаруваат необични работи сепак морале да излезат од прагот на домот. Тие имале толку многу невообичаени извори на забава, што звучат премногу бизарно денес за да бидат точни.

sto-pravele-lugeto-za-zabava-pred-tv-erata-001.jpg

Но, сепак овие работи се повеќе од точни.

Еве неколку начини како луѓето се забавувале во ерата пред телевизијата:

1. Оделе на јавни дисекции

Благодарение на напредокот на науката и поопуштените црковни правила веќе при крајот на 12-ти век понале да се изведуваат дисекции на човечки тела. Најпрво овие дисекции се изведувале пред неколку студенти по медицина и имале истражувачка дејност, меѓутоа речиси преку ноќ голема морбидна публика почнала да присуствува на овие „настани”.

Многу брзо потоа почнала да се отвораат специјално дизајнирани анатомски театри кои биле изградени во повеќе европски градови и собирале публика до 1.000 луѓе. Се продавале карти, а цената варирала според тоа колку бил интересен трупот.

Помеѓу најскапите карти што се продале биле во Германија каде што се вршела дисекција на труп на жена почината додека била бремена. На дисекцијата присуствувале околу 1.500 луѓе, а публиката била толку возбудена од тоа што го гледа што хирургот предложил да имаат чувари во иднина што ќе ја спречат публиката да се меша во работата.

sto pravele lugeto za zabava pred tv erata 2

На почетокот на јавните дискеции присуствувале само мажи, меѓутоа веќе до 1748 година, заинтересираноста на публиката била толку голема што почнале да ги делат настаните за мажи и жени специјално.

Во многу земји, овие настани се случувале околу 3 до 4 пати годишно поради тоа што немало доволно тела. Во Болоња, Италија дисекциите се претвориле во фенси настани каде што жените се облекувале елегантно во нивните најубави фустани да присуствуваат на настанот, а по дисекцијата следувале балови или фестивали.

Потоа во Англија во 1751 година, бил изгласан закон кој дозволувал јавна дисекција на телата на убиени криминалци. Популарноста на настаните не опаднала и илјадници луѓе присуствувале секоја година сè додека не престанале да се одржуваат јавно во 1800-тата.

2. Се возеле на ескалатори

Првите ескалатори биле невообичаено популарни. Ништо слично не било видено претходно. Џеси Рено ја патентирал својата идеја за транспортер без крај во 1892 и до 1896 година првиот пример бил инсталиран вопознат луна парк.

Тогашниот ескалатор се разликувал од модерните ескалатори во тоа што тогаш наместо луѓето да стојат на скалите, тие седеле. Ескалаторот стоел во паркот околу 2 недели, а за тоа кратко време дури 75 илјади луѓе го посетиле.

sto pravele lugeto za zabava pred tv erata 3

Истиот протип бил однесен и на Бруклинскиот мост каде што стоел околу еден месец. На почетокот на 20-ти век бил претставен и во Париз, а брзо потоа патентот бил купен од Рено и компанијата Отис почнала да произведува ескалатори како бизнис.

Ескалаторите биле толку голем новитет, што кога првиот трговски центар во Њујорк инсталирал еден, на рекламата било напишано дека купувачите сега ќе можат да стигнат на вториот спрат за вртоглави 26 секунди.

3. Зјапале во петорки

Кога се родила петорката Дион во 1934 година во Онтарио, Канада пред тоа никој немал чуено дека е возможно да се родат 5 деца оддеднаш. Не само што било возможно туку бебињата Ивон, Анет, Сесил, Емили и Мари биле неверојатно здрави иако биле родени 2 месеци порано отколку што требало.

Нивното постоење било толку невообичаено што весниците платила многу пари за слики од девојчињата. Една година подоцна нивниот татко потпишал договор да ги покаже девојчињата на светски саем во Чикаго во 1935 година.

Тогаш државата се замешала во случајот и решила дека родителите не се способни да се грижат за децата штом сакаат така да ги експлоатираат. Канадскиот парламент одлучил дека девојчињата ќе бидат под штитеништво на државата. Така бебињата биле ставени во болница на улицата каде што живееле родителите каде што државата продолжила да ги експлоатира.

sto pravele lugeto za zabava pred tv erata 4

Во помалку од една деценија околу 3 милиони посетители, некогаш повеќе и од 3.000 луѓе на ден оделе да ги гледаат децата како си играат, јадат и спијат преку специјално дизајнира прозори каде што децата не можеле да видат ништо. Петорката била најголема туристичка атракција во Канада и во еден период имала повеќе посетители од Нијагарините водопади.

Нивното постоење и донело околу пола милијарда долари на економијата на Онтарио во рок од 9 години. Дури и познатите како Емилија Ерхарт и кралицата Елизабета втора отишле да ги посетат девојчињата. Со широката употреба на телевизијата и по престанокот на популарноста на петорката тие биле вратени на нивното семејство.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg