Закачување панталони, положба на спиење: 8 работи кои секојдневно ги правите погрешно

Во секојдневието многу често ни се случува да правиме некои работи потсвесно кои се станати дел од нашата рутина.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-01.jpg

Но, многу од тие работи се погрешни и ги правиме неправилно, без разлика дали се работи за банални или посериозни ситуации.

Од погрешно држење на воланот, до погрешно спиење, погледнете кои се 8-те работи кои многумина ги прават погрешно.

Сигурно ќе се пронајдете во некои од нив:

Држење волан

Важно е да знаете правилно да го држите воланот од автомобилот за да спречите било какви проблеми и повреди при несреќи. Најбезбедно е да ги држите рацете на средина, како на фотографијата.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-02.jpg

Позиција на тоалетната школка

Секогаш треба да пуштате вода со затворен капак од шолјата ако не сакате бактериите да се разлетаат низ целa бања и предметите во неа. Секојпат кога пуштате вода водата се меша со малите бактерии и ги шири низ воздухот.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-03.jpg

Најдобро време за ставање дезодоранс

Најмалку ефективен период за ставање антиперспирант е наутро после туширање. Со оглед на тоа што потењето е најсилно во овој период, дезодорансот ќе исчезне.

Најдобро е да ставите пред спиење кога кожата е сува и потните жлезди не се активни.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-04.jpg

Кашлање

Секогаш сме учеле дека кога кашламе и киваме треба да ги ставиме дланките на устата, но ова е изгледа погрешно. Вирусите се шират преку допир, па така доколку кивнете или се искашлате во рака, потоа тоа ќе се пренесе на пари, на кваки и на сите работи кои ќе ги допрете пред да се измиете.

Наместо тоа, користете ја внатрешната страна на лактот или ракавот за да го намалите ширењето бактерии.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-05.jpg

Чистење бактерии

Не губете време на стругање на вашиот блендер, кога може да се исчисти само за неколку секунди. Ставете во него вода, сјај за садови и пуштете да блендира.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-06.jpg

Позиција на спиење

Можеби уживате да спиете на стомак, но таа позиција ги криви грбот и кичмата. Тоа може да предизвика болка во други делови на телото и ова ќе резултира со помалку сон и умор во текот на денот.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-07.jpg

Потпирачи за тастатура

Избегнувајте да ги користите „потпирачите“ за подигање на тастатурата кои се наоѓаат под неа, бидејќи тоа може да предизвика болка во зглобовите заради неприродната положба.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-08.jpg

Закачување на панталони

Кога во брзање сакате да ги извадите панталоните од закачалка, нешто што најмалку сакате да се случи е да се уништат при влечењето. Затоа земете картон од голем бришач за раце и намотајте го околу закачалката, па одозгора закачете ги панталоните.

zakachuvanje-pantaloni-pozicija-na-spienje-8-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogreshno-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg