Доцните, озборувате со други: Лоши навики поради кои сте попаметни одошто мислите

Окарактеризирани се како негативни, но ако ја погледнете и другата страна на паричката, можеби сепак е позитивно што ги поседувате овие особини.

docnite-ozboruvate-so-drugi-loshi-naviki-poradi-koi-ste-popametni-odoshto-mislite-1.jpg

Во продолжение, ви откриваме неколку „лоши“ навики, поради кои сте попаметни одошто си мислите:

1. Одолговлекување

Постои обемна стручна литература околу причината заради која голем број луѓе постојано си ги одложуваат обврските, оставајќи сѐ да направат во „5 до 12“. Се смета за лоша особина, а многумина ја поистоветуваат со мрзливоста.

Меѓутоа, според повеќе автори, одолговлекувањето неретко значи и чекање на вистинскиот момент. Со други зборови, може да ја стимулира креативноста, давајќи ви време да ги разработите идните „големи“ идеи.

Впрочем, ценетиот Стив Џобс е успешен пример за некој што имал полза од одложувањето на задачите. Со времето што тој го „трошел“ на разгледување на можностите, всушност создаде нови и подобри идеи. Никогаш не се нафаќал „од прва“ за најочигледното, или, пак, најпознатото решение.

docnite-ozboruvate-so-drugi-loshi-naviki-poradi-koi-ste-popametni-odoshto-mislite-2.jpg

2. Доцнење

Ако имате навика да доцните, кај другите луѓе ќе оставите впечаток на невнимателна и неорганизирана личност. Меѓутоа, повеќето луѓе кои доцнат се мошне оптимистични, а во одредена мера и фантазери, поради што погрешно го перцепираат времето.

Навистина веруваат дека за еден час ќе успеат да испазарат намирници за домот, да го соберат детето, да ја однесат облеката на хемиско чистење, па дури и да стигнат навреме во теретана. Со други зборови, оние што доцнат секогаш се надеваат и го очекуваат најдобриот можен исход.

А, надежта и оптимизмот не се воопшто лоши сојузници во животот, зар не?

docnite-ozboruvate-so-drugi-loshi-naviki-poradi-koi-ste-popametni-odoshto-mislite-3.jpg

3. Поплакување

Никој не сака да биде „негативецот“ што везден се жали и негодува – за злобниот и иритантен колега, дождот, гласната музика, лошата услуга во ресторанот...

Сепак, луѓето кои плански ги изнесуваат поплаките, докажано се посреќни од другите, кои порано или подоцна, само ќе „пукнат“ од лутина и бес.

Наместо истурање на емоциите, секогаш барајте решение за проблемите. Жалете се, но единствено за ситуациите кои може да се променат, а обраќајќи им се на личностите што имаат моќ да ги поправат.

Првично, не настапувајте драматично, ниту преагресивно, туку благо и умерено, така што соговорникот нема да заземе дефанзивен став. А, на крајот, не изумувајте ни да се заблагодарите за секоја помош од другата страна.

docnite-ozboruvate-so-drugi-loshi-naviki-poradi-koi-ste-popametni-odoshto-mislite-4.jpg

4. Џвакање мастики

Доколку сте на состанок, или, пак, на интервју за работа, гласното мласкање со гума за џвакање во устата, не е воопшто пристоен потег. Меѓутоа, кога сте сами, истото може да ви биде клучот за продуктивност и релаксација.

Повеќебројни истражувања на оваа тема сугерираат дека ваквата навика ве одржува будни и внимателни. Во споредба со останатите испитаници, луѓето кои џвакале мастика покажале подобри резултати и на тест за интелигенција.

Воедно, утврдено е и дека џвакањето мастики го крева расположението, а го намалува нивото на хормонот на стресот – кортизол.

docnite-ozboruvate-so-drugi-loshi-naviki-poradi-koi-ste-popametni-odoshto-mislite-5.jpg

5. Хаос на масата

Доколку хартиите од вашата работа маса веќе се прелеваат на бирото од колегата или колешката, тогаш навистина е време да ја доведете во ред. Но, ако ситуацијата не е толку алармантна, нередот во суштина и не е толку лоша работа.

Најновите истражувања потврдуваат дека благодарение на неуредната маса, вие сте повеќе ориентирани кон остварување на целите.

Верувале или не, самиот поглед на креативниот хаос ве прави попродуктивни и мотивирани за работење, посочуваат научниците.

docnite-ozboruvate-so-drugi-loshi-naviki-poradi-koi-ste-popametni-odoshto-mislite-6.png

6. Озборување

Не, ова не е изговор за да ја поканите пријателката на „трач партија“, па да го коментирате изгледот или новата фризура на друга пријателка.

Наместо тоа, повеќе се работи за муабети со кои би си ја олесниле душата. Доколку за нешто посведочите или забележитe - па имате потреба со некого да го споделите.

Според истражувањата, луѓето што партиципираат во ткн. „просоцијално озборување“, уште во истиот момент се чувствуваат подобро, а и бројот на отчукувања на срцето им се намалува.

docnite-ozboruvate-so-drugi-loshi-naviki-poradi-koi-ste-popametni-odoshto-mislite-7.jpg

7. Летање со паметот

„Сонувањето на јаве“ само навидум делува како губење време.

Лeтањето со паметот, кое се случува кога мозокот не прима какви и да е други дразби, прави тој да се ослободи од стегите на секојдневните грижи. А, може и да ве направи попрудуктивни и покреативни.

Според едно истражување на оваа тема, пуштањето на мозокот на „пасење“ околу 12 минути, дури работите на тешка задача, може да ви помогне да го најдете решението, тогаш кога ќе се вратите на неа.

docnite-ozboruvate-so-drugi-loshi-naviki-poradi-koi-ste-popametni-odoshto-mislite-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg