Тешкото детство на двајца легендарни ликови: Салвадор Дали и Џорџ Вашингтон
Честопати мислиме дека нашите историски херои имаат некакво херојско детство од каде потекнува нивниот успех, но многу често реалноста е многу поразлична.
Многу од овие гениjалци на кои им завидуваме, всушност имале тешко детство и претрпеле многу трауми.
Ова е приказната за детсвото на двајца гении: Салвадор Дали и Џорџ Вашингтон:
Салвадор Дали цел живот пробувал да избега од духот на неговиот брат
Салвадор Дали е еден од најпознатите уметници на сите времиња, а сите ги знаеме неговите слики со растечени часовници. Кога не сликал, тој предавал уметност и кажувал шеги кои речиси никој не ги разбирал.
Независно дали мислите дека Дали бил гениј или комплетен лудак, едно е сигурно: постои само еден Салвадор Дали.
Лошото детство
Салвадор Дали всушност било името на братот на уметникот, кој починал пред неговиот втор роденден, 9 месеци пред да се роди познатиот Салвадор. Неговите родители биле многу потресени од загубата на своето дете, па и наредното го крстиле со истото име.
Можеби мислите дека тоа се должи само на лоша имагинација или на фамилијарна традиција, меѓутоа опсесијата на неговите родители одела многу подалеку од тоа. Тие почнале да го облекуваат во облеката на неговиот брат, го терале да си игра со играчките на неговиот брат и често се однесувале како тој да е реинкарнација на брат му.
Многу често му ги кажувале тие нивни верувања. Кој би сакал да му кажуваат дека е духот на неговиот брат?
Салвадор еднаш направил портрет на неговиот брат и кога го прашале за сликата Дали одговорил: „Секој ден ја убивам сликата на мојот брат, го убивам често, затоа што Големиот Дали не може да биде копија на неговото претходно земно битие.“
Тоа е неговото уметничко изразување со кое сакал да каже дека всушност тој не е неговиот брат. Ексцентричното однесување на уметникот било очаен обид да биде што поуникатен и да постои како тоа што тој всушност е, а не како копија на некој друг.
Џорџ Вашингтон цел живот пробувал да ја импресионира неговата мајка
Иако лицето на Џорџ Вашингтон го гледаме на банкнотата од еден долар и главниот град на САД го носи неговото име, сепак постоела една личност која тој цел живот не успеал да ја импресионира - неговата мајка.
Лошото детство
Секако дека многу од познатите лидери пораснале под строго водство на еден или на двајца родители. Но, тоа негодување често престанува откако децата ќе постигнат голем успех.
На пример, Џорџ Вашингтон бил многу популарен лидер, но неговата мајка единствено била заинтересирана за тоа колку пари тој ќе донесе дома.
Неа повеќе ја интересирале парите кои ќе ги донесе, отколку дали тој војува и ќе биде повреден. Кога добивала писма од него не ги ни читала ако немало пари.
Еднаш додека тој бил во првите воени редови, таа му испратила писмо, но не за да го охрабри или да го праша како е, туку едноставно му побарала да прати намирници и слуга кој ќе готви за неа.
На многу љубезен начин, додека на сите страни летале куршуми, Џорџ Вашингтон ѝ одговорил дека путерот моментално е потребен за потребите на војската, а дека робовите не можат да се испратат по пошта.
Кога Вашингтон станал претседател, неговата мајка не присуствувала ниту на неговата инаугурација.
А. В. | Црнобело