Мис трудница, Мис морални вредности: Најчудните „избори за убавина“ во светот
Под фразата „избор за убавина“ се подразбира избор од девојки кои парадираат во бикини и свечени фустани, а стручното жири ги оценува според нивниот физички изглед.
Но, низ светот се одржуваат и други избори за „мис“ кои и немаат голема врска со убавината, туку со други карактеристики.
Во продолжение погледнете ги најчудните избори за мис низ светот:
Мис на затворот
Во еден затвор во Рио Де Жанеиро во Бразил секоја година се одржува избор за најубавата девојка во затворот. Затвореничката која ќе победи добива парична награда која може да ја користи за работи што ѝ се потребни за време за престојот во затворот.
Мис на морални вредности
На традиционалниот избор за Мис на морални вредности во Саудиска Арабија, жените кои се натпреваруваат се покриени со вел и бурка и им се гледаат само очите. Но, тоа е сосема доволно бидејќи тука не се оценува физичката убавина.
Жирито има три месеци за да одлучи која девојка има највисоки морални вредности.
Мис на преживеани жртви од Холокаустот
Во 2012-та година во Израел се организираше избор за Мис на жени кои го преживеале Холокаустот. Биле пријавени жени од 74 до 97 години, а критериум за финале биле нивните животни приказни.
Мис инвалидска количка
Овој избор се одржува во Индија, а целта е да им се помогне на жените во инвалидска количка да се чувствуваат самоуверено и да се вклучат во светот на музиката, телевизијата и филмот.
Мис трудница
На овој избор кој се одржува во Русија, трудниците позираат пред жирито во бикини и вечерни тоалети, исто како на вообичаените избори за убавина, а дел од нив ги покажуваат и нивните танцувачки способности.
Минатата година победи трудницата која најдобро го изведе стомачниот танц.
М. В. | Црнобело