Хотел на Малдиви нуди батлер задолжен за совршени Инстаграм фотки на гостите
Опседнатоста со социјалните мрежи, особено Инстаграм, стана толку голема, што луѓето буквално се натпреваруваат кој ќе сподели подобра фотка.
Тоа им оди во прилог и на сопствениците на хотели низ светот кои добиваат своевидна бесплатна реклама за местото што го нудат од страна на гостите кои престојуваат таму.
Хотелот со пет ѕвездички Conrad Hilton кој се наоѓа на Малдивите е првиот хотел во светот кој ангажирал таканаречен „Инстаграм батлер“ за секој гостин.
Работата на батлерот е да прави интересни фотки од гостите во хотелот, на плажата и во околината. Тој исто така дава насоки како гостите да изгледаат пофотогенично, која поза да ја направат, на кое место и во кој дел од денот фотките излегуваат најубаво и слични совети со цел фотките на Инстаграм да бидат совршени.
За да ја докажат ефикасноста на овие Инстаграм батлери, од хотелот споделија фотки направени од нив кои мора да признаеме дека изгледаат одлично.
М. В. | Црнобело