13 знаци кои покажуваат дека залудно го трошите вашиот живот

Што замислувавте да бидете кога ќе пораснете додека бевте мали? Астронаут, познат фудбалер, можеби глумица? Што точно се исполни од вашите соништа?

13-znaci-koi-pokazuvaat-deka-zaludno-go-trosite-vasiot-zivot-01.jpg

Доколку сепак не го живеете животот од детските фантазии, време е да се запрашате што тргна наопаку.

Постојат непогрешливи знаци дека го трошите животот залудно или ја насочувате енергијата на сосема погрешни места.

Во случај да се сомневате каде ги правите грешките или пак не сакате да си ги признаете, можеби е време да се соочите со вистината:

Трошите премногу време на некорисни работи

Видеоигри. Реални ТВ шоуа. Маратонско гледање филмови и серии. Бесцелно „сурфање“ на интернет и скролање на телефонот со часови по социјалните мрежи.

Се препознавте? Можеби јадете премногу, од досада или стрес. Или пак имате обичај да пивнете некоја чашка повеќе.

Листата продолжува. Започнете сериозно да го анализирате вашиот живот. На што најмногу го трошите времето? Дали тоа ве прави среќни и го прави ли вашиот живот подобар, поквалитетен? Направете сериозна реевалуација на вашите приоритет. Време е за промени.

Постојано се жалите

Дали сте од оние луѓе кои постојано нешто ги мачи, кукаат и се жалат секому и секаде каде што ќе стигнат? А жалбите се однесуваат буквално на секој животен аспект: работата, шефот, колегите, пријателите, платата, љубовта, досадните соседи и родителите.

Овие жалби не помагаат, туку дополнително ве полнат со негативна енергија. Негативноста не ги придвижува работите кон подобро. Само ве држи заробени во кафезот, без да мрднете од мртвата точка.

За промена размислете за што сте благодарни во животот и започнете да ги согледувате нештата од позитивната страна.

Не го храните умот

Умот затапува кога не е активен и не го користите за учење нови работи. Кога го држите постојано затворен, вие како личност сте во една ограничена рамка поради која не можете да напредувате.

Држете го умот отворен за нови прашања и предизвици, за постојано надоградување и усовршување. Можеби знаете нешто, но има толку многу работи кои се учат до крајот на животот.

Постојано се потценувате

Доколку сте убедени дека не сте доволно паметни да започнете сопствен бизнис веројатно е така.

Доколку постојано си укажувате дека немате доволно капацитет за да бидете успешни или ви недостасува енергија за да ја исполните целта, повторно сте во право. Зошто?

Она што си го повторувате себеси, станува реалност. Вие почнувате да верувате во неа.

Внимавајте што мислите и што зборувате за себе. Никогаш не се преценувајте, но дефинитивно не потценувајте се. За да вашиот живот биде успешен истиот треба да биде во склад со вашите мисли.

Немате инспирација

Чувствувате ли некаква страст за нешто во животот? Ве придвижуваат ли некакви планови, идеи, сакате ли да бидете успешни во одредена замисла?

Луѓето кои немаат пасија за каква и да е работа во животот се постојано мрзоволни и неинспирирани. А без инспирација и мотивација нема успех.

Не правите планови за иднината

Навистина е убаво да се живее тука и сега, во моментот. Но понекогаш треба да бидете далекусежни и да фрлите поглед и кон иднината.

Доколку немате никаква идеја, цел или план за остварување, вие сте како изгубено бротче среде океан. Бесцелно се движите и талкате без никаква цел.

Направете план за иднината, макар и само еден за почеток. И држете се до неговото исполнување.

Поминувате премногу време со луѓе кои ве уназадуваат

Некои луѓе ни помагаат, нè мотивираат и инспирираат, со еден збор навиваат за нас. Други пак се вистински емоционални вампири кои се хранат од нашата енергија и постојано нè уназадуваат.

Внимавајте со кого се дружите. Опкружете се со луѓе кои ќе ви помогнат да созреете и да напредувате, наместо со некои кои постојано ќе ве враќаат неколку чекори наназад.

Зависни сте од телефонот

Што би правеле без мобилните телефони? Тие се одличен начин да ни помогнат во секоја навидум безизлезна ситуација. Но, ние најчесто ја злоупотребуваме нивната корисна намена и стануваме робови на социјалните мрежи.

Колку време дневно поминувате „скролајќи“ на телефонот? Дали тоа ве прави подобри и поуспешни луѓе? Учите ли нешто ново и корисно или само „тепате“ време?

Доколку сте зависни од мобилниот телефон, а притоа не правите ништо важно и значајно туку залудно трошите драгоцени моменти, тогаш дефинитивно е време за рехабилитација.

Трошите пари на бесцелни нешта

Купувајте искуства, не материјални работи. Трошете пари на патувања, специјализирани курсеви, концерти, спортски активности, работи кои ве исполнуваат и ви користат.

Постои разлика помеѓу работите кои ви се неопходни и оние што само ги посакувате од чист ќеиф или каприц.

Што навистина ни е најнеопходно во животот? Вода, храна, покрив над главата и доволно љубов. Сè друго е споредно. Внимавајте сите други споредни работи да ви бидат корисни, наместо обични играчки кои нема да ви го задржат вниманието подолго од 2 дена.

Не спиете доволно

Добриот квалитетен сон е круцијален за здравјето. Доколку сте премногу зафатени или преморени и немате доволно време добро да се наспиете, под итно сменете ја оваа лоша навика и овозможете си 8-часовен непрекинат одмор во царството на соништата.

Не се грижите за своето тело

Чувајте си го телото, бидејќи тоа е единственото што го имате. Во превод, немате резервно тело па да се однесувате со негрижа кон постоечкото.

Хранете се здраво, пијте доволно течности, спијте и спортувајте. И не заборавајте да сонувате, бидејќи што би бил животот без цели и надежите за нивно исполнување?

Не преземате ризици

Лесно е да си постојано во својата комфорна зона и никогаш да не ја напушташ. Сè е толку едноставно и сигурно, но знајте дека на овој начин никогаш нема да доживеете успех. Сепак, постои разлика помеѓу ризик и калкулиран ризик.

Никогаш не преземајте претерано драстични чекори кои одат од една во друга крајност. Најважно е добро да го процените ризикот и да знаете дека ќе се справите со последиците од неуспехот, колку и да се негативни.

Живеете живот кој не го сакате

Како да го измерите квалитетот на животот кој го живеете? Поставете си едно кусо прашање: Дали сте среќни?

Доколку одговорот е НЕ, време е да смените нешто. Доколку не уживате во сопствената кожа и вашиот живот, промените чекаат на вас.


Запомнете, вие и само вие сте одговорни за промените во животот. Но, првата промена која треба да ја направите е да се ослободите од идејата дека не можете да направите нешто. 

Најголемата пречка до успехот е начинот на кој размислувате. Вие сте она што го мислите. Променете ги мислите и само така ќе го промените и животот.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg