12 начини на кои си го уништувате најдобриот период од вашиот живот
Сакајте се себеси во секоја пригода, дури и кога работите не ви изгледаат така сјајни.
Кога сте во 20-тите или 30-тите години од животот, се оптоварувате со многу работи и со тоа си ги расипувате најубавите години од вашиот живот.
Еве на кои начини го правите тоа:
1. Ги слушате другите што ви кажуваат и заборавате да го слушате сопствениот глас.
2. Останувате на работа што ја мразите затоа што не сакате луѓето да кажат дека се откажувате и секој ден се будите мразејќи го својот живот сѐ повеќе и повеќе.
3. Се убедувате дека ова е животот што сакате да го живеете затоа што вашите родители и пријатели така живеат и не се осмелувате да тргнете кон животот од соништата.
4. Останувате со погрешната личност и постојано се карате во таа еднонасочна врска затоа што мислите дека нема никој подобар таму надвор.
5. Си велите дека стандардите ви се превисоки и подобро е да се помирите со тоа што го имате за да не останете сами во животот.
6. Продолжувате да живеете во градот што го мразите и не се осмелувате да заминете поради стравот од новиот почеток.
7. Тонете во минатото и одбивате да продолжите понатаму.
8. Постојано го чекате тој „еден ден“ и одложувате сѐ за во некои подобри околности.
9. Се плашите од среќата затоа што отсекогаш верувате дека е привремена. Спречувате добри работи од стравот да не се расипе нешто.
10. Барате некој да ве спаси, да ве цени, да ви вели дека сте способни затоа што така ви е полесно да се сакате себеси.
11. Очекувате да имате лесен живот кој ќе биде огледало на животот на луѓето околу вас.
12. Не се сакате себеси затоа што сте збунети, немате доволно пари, немате партнер, разведени сте или невработени. Се сакате само кога работите се совршени и ви одат од рака.
С. С. | Црнобело