Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали луѓето кои јадат месо се посреќни?

Нема сомнеж дека јадењето премногу црвено месо може да доведе до многу здравствени проблеми, како што се дијабетес, дебелина, зголемен ризик од заболувања на срцето… 

Veganite-i-vegetarijancite-se-ponesrekjni-od-lugjeto-koisto-jadat-meso-01.jpg

Но само замислете свет во кој никогаш повеќе нема да можете да вкусите месо... Ова значи дека може да заборавите на чизбургери, пица со кулен или вкусна скара.

Многумина од вас мислат дека ако се откажат од месото, тоа веднаш ќе значи дека водат подобар живот.

Сепак, според научните истражувања на таа тема, тоа не е така во реалноста. Напротив, луѓето кои не консумираат воопшто месо се подепресивни.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Бристол заклучило дека вегетаријанците и веганите имаат повисоко ниво на депресија за разлика од луѓето кои јадат секаков вид на храна, вклучувајќи го и месото.

Истражувањето било спроведено врз повеќе од 10.000 Британци, од кои 350 биле вегани или вегетаријанци. Тие 350 вегани/вегетаријанци покажале повисоко ниво на депресија во споредба со просекот на остатокот од луѓето што јаделе и сланина, сендвичи и пилешко.

Според истражувачите, причината за негативните ефекти на менталното здравје на вегетаријанците е недостатокот од витамини и минерали во нивната диета.

Недостатокот на витамин Б12 е поврзан со недостаток од месо во исхраната, а консумирањето на големи количини на јаткасти плодови може да доведе до повисоки нивоа на омега-6 масни киселини, кои се знае дека влијаат на расположението и се поврзани со проблеми во менталното здравје.

Покрај ова, истражувањето покажало и дека: „Намаленото внесување на морска храна се верува дека е поврзано со зголемен ризик од симптоми на депресија. Други потенцијални фактори за ова вклучуваат високо ниво на фитоестрогени во крвта, кои се содржат главно во диети базирани на зеленчуци и соја“.

Уште едно истражување во Германија, исто така заклучи дека има поврзаност помеѓу депресијата и веганската диета.

Истражувањето било извршено на 4.100 луѓе и се заклучило дека веганите и вегетаријанците имаат 15% повисоки предиспозиции за депресија.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Луѓе откриваат со кои неочекувани последици (и придобивки) се соочиле откако ослабеле „Мене лично ми се јавија несигурности за други работи. Кога бев поголема, бев не...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg