20 работи кои сѐ уште можете да ги сторите за да го направите крајот на 2017 најдобар досега
Направете приказна што ќе ве прави горди, сакајте се себеси и престанете да ги обвинувате другите за вашите неуспеси.
Престанете да си велите оваа година мина така, ама од 2018-та... Верувајте, никогаш не е доцна.
Зошто веднаш да не преземете акција и крајот на 2017 година да го направите најдобриот досега?
1. Откажете се од сѐ што не ве прави комплетно среќни. Променете го делот од животот од кој не сте задоволни, сѐ е во ваши раце.
2. Тргнете по тоа што го сакате. Страшно е, но уште пострашно е ако не се ни обидете.
3. Веднаш започнете со постигнување на вашите цели. Сега, а не од наредниот понеделник.
4. Престанете да се грижите што мислат другите. Правењето на другите луѓе среќни, нема вас да ве направи среќни.
5. Научете се да ги отпуштите работите кои не можете да ги контролирате. Некои работи не се бираат.
6. Престанете да ги обвинувате сите други за вашите проблеми. Ниту родителите, ниту поранешните партнери повеќе не се оправдување.
7. Работите што си ги велите на себе се најважни, па бидете сигурни дека приказната што си ја раскажувате ве прави горди.
8. Ценете ги луѓето што ве прават среќни и оттргнете се од луѓето што ве прават мизерни.
9. Научете се да го барате тоа што го сакате, без да објаснувате зошто го сакате.
10. Простете си за сите работи и научете од тоа за да можете да растете во иднина.
11. Има доволно луѓе што нема да ве сакаат во животот, па научете да се сакате себеси.
12. Слушајте повеќе. Од слушање ќе научите многу повеќе отколку од зборување.
13. Грижете се за тоа кои сте како личност. Фокусирајте се на тоа да се подобрите.
14. Поставете си реалистични цели.
15. Ако сакате да трчате, прво научете да одите.
16. Размислете за минатата година и најголемата грешка во неа. Што научивте од тоа?
17. Во свет во кој сите лажат, бидете искрени.
18. Ослободете се од љубомората и бесот, тие емоции ве влечат надолу.
19. Престанете да глумите совршенство. Да се биде совршен не значи да се биде среќен.
20. Започнете веднаш.
С. С. | Црнобело