Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 знаци кои покажуваат дека некои луѓе само глумат дека се фини

Исчезнуваат кога ви требаат, ве озборуваат и не вложуваат емоционално во вашата врска, па зошто ви се потребни?

5 znaci koi pokazuvaat deka nekoi lugje samo glumat deka se fini 01

Кога „волк ќе облече овчо руно“ мислиме дека има многу знаци за да го забележиме, но во реалноста тоа не е така.

Тешко дека ќе видите кој ви глуми освен ако не обрнете внимание на некои сигнали.

Еве кои знаци ќе ви покажат дека некои луѓе само глумат дека се фини:

Исчезнуваат кога ви се потребни

Ако некој одненадеж исчезне токму тогаш кога ви е потребен најмногу, тогаш тој е лажен пријател.

Не мачете се да му пишете колку ве повредил затоа што лажните луѓе ги игнорираат ситуациите каде што чувствата се вмешани.

Секогаш ве озборуваат

Зборува за вас зад грб и тоа постојано го слушате од други луѓе. Колку и да ви изгледа фин лице во лице, верувајте дека штом повеќе луѓе ви го посочуваат истото значи вистина е.

Нема емоционална инвестиција

Пријателството помеѓу двајца луѓе треба да биде постојано, па заедно да се минува и низ угорнините и низ падовите. Кога се дружиме со него, инвестираме многу во тоа пријателство.

Се смееме, сме фрустрирани, а понекогаш и плачеме, сето тоа е затоа што се грижиме еден за друг. Ако имате пријател што не инвестира емоционално во врската, тоа е затоа што не му значите многу.

Никогаш не се вознемируваат

Ако личност покажува 0 емоции, тогаш дефинитивно е лажна. Вистинските луѓе се разбеснуваат и чувствуваат страст.

Никој не може да биде 100 проценти среќен и да се смее цело време.

Сипуваат студена вода врз вашите соништа

Сите вашите пријатели се согласуваат дека треба да направите промена во кариерата и да ги бркате своите соништа да отворите своја компанија. Но вашиот лажен пријател е комплетно рамнодушен и како да сипува студена вода врз вашите соништа, особено ако нема некоја придобивка од нив. Тој ниту оддалеку не е заинтересиран за вашите соништа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg