Со ресторан, коктел-мајстор и батлери: Ѕирнете во најлуксузниот приватен авион во светот
Најлуксузниот приватен авион во светот официјално е пуштен во употреба.
Американската компанија Crystal Cruise го преуредила авионот Боинг 777-200LR, кој може да смести 88 патници и секој од нив ќе се чувствува како светска ѕвезда.
Во авионот има голем ресторан со мени кое содржи ексклузивни јадења, како и бар во кој коктел-мајстори прават коктели по желба на патникот.
Удобните седишта се спуштаат и се претвораат во големи кревети за спиење, а на патниците на располагање им се и батлери во текот на целиот лет.
Цените на билетите за лет во овој луксузен авион почнуваат од околу 42.650 евра за еден час.
Ѕирнете како изгледа авионот Crystal Skye кој нуди уникатно доживување:
М. В. | Црнобело