Списанија, цигари, фармерки: Работи кои не можете да ги купите во Северна Кореја
Се чини дека во Северна Кореја како да се живее друг живот, поразличен од кое било друго место на светот.
Постојат многу бизарни закони во оваа земја кои ги нема на ниту едно друго место, а постојат и работи кои не се продаваат во продавниците таму.
Замислете да не можевте да си купите списание или пак, презервативи?
Еве кои 15 работи не можат да се купат во Северна Кореја:
Презервативи
Презервативите се нешто кое го користат сите сексуално активни луѓе низ светот. Но, луѓето во Северна Кореја не се доволно едуцирани за сексот, па не можете да купите презервативи ниту во аптеките.
Списанија
Властите во Северна Кореја вршат контрола врз сè што се печати и се издава. Ако сте љубители на модни списанија или семејни магазини, нема да ги најдете во Северна Кореја.
Фарба за коса
Контролата на властите во Северна Кореја оди толку далеку, што дозволени се само 15 бои за коса кои ги има во продажба. Освен ова бесмислено правило, властите кажуваат и каква фризура смеат да носат луѓето.
Мажените жени мора да носат кратка фризура, додека слободните смеат да имаат подолга коса, а само на постарите мажи косата смее да им биде подолга од 7.5 cm.
Новогодишни елки
Иако властите во Северна Кореја тврдат дека луѓето се слободни да си одберат која религија ќе ја следат, жителите не смеат да практикуваат никакви религиски обичаи.
Па така, во продавниците нема новогодишни елки поради стравот од строги казни.
Билети за концерт на странски ѕвезди
Познатите музички ѕвезди како што се Тејлор Свифт, Ријана, Бијонсе не смеат да одржуваат концерти во Северна Кореја.
Само домашните музичари смеат да настапуваат, а властите исто така контролираат и какви се текстовите на песните.
Производи од Apple
Во Северна Кореја се преферира да се користат дигитални уреди од брендот Sony, а производите од Apple воопшто ги нема во продажба. Само лидерот на државата смее да користи уреди од Apple.
Имот
Во сите други држави, луѓето можат слободно да си купуваат станови, куќи, деловен простор и слично. Но, во Северна Кореја жителите не смеат да бидат сопственици на никаков имот, па дури ни на куќите или становите во кои живеат.
Starbucks
До пред некое време, жителите на Северна Кореја немаа ни каде да се напијат квалитетно кафе, а интернационалните ланци како што е Starbucks не смеат да работат во оваа земја.
Постојат само мал број на кафулиња каде што се подготвува кафе, и тоа во главниот град.
Вештачко ѓубриво
Пред да ексалира тензијата помеѓу Северна и Јужна Кореја, Јужна Кореја ја снабдуваше Северна Кореја со вештачки ѓубрива.
Но, тоа повеќе не се случај, па сè повеќе жители на оваа држава се хранат со непроверена храна која и онака не се произведува во изобилие.
Кабелска телевизија
Кабелската телевизија не е достапна во Северна Кореја. Жителите гледаат само еден телевизиски канал и не се во тек со никакви информации од светот.
Лекови
Лековите се вистинска реткост да се најдат во продажба и се многу скапи. Поради нефункционирањето на здравствениот систем и недостапноста на лекови за обични настинки, жителите на Северна Кореја се соочуваат со многу проблеми со здравјето.
Фармерки
Замислете да живеевте во земја каде не можете да си купите фармерки. Во Северна Кореја не е дозволено да се носат фармерки, па поради тоа и не се продаваат.
Властите гледаат со презир на сите западни трендови, па и на трендот на носење фармерки.
Цигари
Причината поради која не се продаваат цигари во Северна Кореја е многу бесмислена.
Имено, претходниот лидер на државата имал алергиска реакција на чадот од цигарите и властите забраниле продажба на цигари поради ризикот што пасивното пушење би му го предизвикал на нивниот лидер.
Хигиенски влошки
Жените во Северна Кореја наместо хигиенски влошки, кои се продаваат, но на многу малку места и се премногу скапи, купуваат разни материјали кои им служат како замена за влошки.
Интернет
Поради фактот што властите во Северна Кореја се трудат никакви информации од надвор да не дојдат во допир со тамошните жители, интернетот не е лесно достапен во оваа земја.
М. В. | Црнобело