Долги фустани на закачалка: Грешки заради кои облеката не ви трае долго

Сите сакаме плакарот со облека да ни биде совршено нареден и организиран и секако, да има место за сите работи без да се туткаат и уништуваат. 

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-01.jpg

Но, факт е дека немаме место за цела облека да ја закачиме на закачалка или пак да ни биде само на едно место преку цела година. 

Ретко кој облеката за сите сезони ја чува на едно место и не ја распределува според тековната сезона.

Кога сезоната ќе заврши, повеќето од нас ја ставаат таа облека настрана, одзади во плакарот, ја пакуваат во кеси, куфери или во други плакари – секој различно.

Но, дали знаете дека неправилното чување на облеката може да го уништи нејзиниот изглед и квалитет?

Дознајте кои се грешките кои треба да престанете да ги првите ако  сакате да ја зачувате облеката:

Несоодветна грижа за сезонската облека

Пред да ја соберете настрана сезонската облека, секогаш добро исперете ја или однесете ја на хемиско чистење.

Во спротивно, капутите може да избледат и да го изгубат нивниот оригинален изглед, а кожните работи да изгубат еластичност. Исто така секогаш заштитете ги од непосакувани инсекти.

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-““_8.jpg

Користите вакуум за секакви работи

Кесите со вакуум се многу практични, но за оригинална кожа и крзно овој начин на складирање е неприфатлив, бидејќи без пристап до воздух подолго време, тие може да добијат непријатен мирис, да се залепат доколку имаат додатоци и да се уништат.

Овој тип на пакување може да го користите кога одите на пат за да ви зафаќа помалку место во куферот. 

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-““_7.jpg

Погрешни закачалки

Никогаш не штедете на закачалки и никогаш не закачувајте повеќе парчиња на една иста закачалка, бидејќи така облеката не може да „дише“.

Друга важна работа е да изберете правилна големина за облеката, за да не се изгуби формата кај рамената и ракавите.

Не закачувајте тешки јакни и капути на тенки закачалки или пак облека од тенок материјал на стара и оштетена закачалка бидејќи може да се искине.

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-““_1.jpg

Неправилно чување на џемпери и трикотажа

Волнените и плетените џемпери не треба да ги закачувате на закачалки за да не се изгуби нивниот облик. Меката облека од осетлив материјал здиплете ја убаво и наредете ја на посебни полици.

Не ги претрупувајте полиците до горе и оставете простор помеѓу нив.

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-““_6.jpg

Долгите фустани ги закачувате на закачалка

Долгите фустани и здолништа кои се влечат до долу во плакарот не треба да ги закачувате на закачалка туку да ги префрлите преку шипката за закачување.

Така помалку ќе се тутка и нема да се оштети кај рамената или во долниот дел.

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-““_5.jpg

Неправилно чување фармерки

Најдобар начин за чување на фармерките е да ги закачите на закачалка на долниот дел и целосно да висат надолу. Ако ги закачите на закачалка преклопени на пола, може да се истуткаат или да се оштетат на средина каде што се закачени.

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-““_4.jpg

Преклопување на градниците на пола

Со преклопувањето на градниците на овој начин го уништувате обликот на градникот и градите во нив нема да ви изгледаат како што било замислено. Ставете ги едно врз друго без да ги виткате.

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-““_3.jpg

Незакопчани копчиња и патенти

Кога закачувате облека на закачалки, не заборавајте да ги закопчате патентите или копчињата. Така ќе стои постабилно на закачалките и нема да ја изгуби својата форма.  

dolgi-fustani-na-zakachalka-zaradi-koi-oblekata-ne-vi-trae-dolgo-““_2.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg