Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тиква, цимет, јаболко: Внесете мирис на есен во вашиот дом

Да, тажно е што летото полека завршува, но и есента е прекрасно годишно време кое нуди многу задоволства во кои повеќето уживаат.

tikva-cimet-jabolko-vnesete-miris-na-esen-vo-vashiot-dom-01.jpg

На пример, многу луѓе се одлучуваат да патуваат во есен, бидејќи таа и дава посебен изглед на природата и уште многу други причини заради кои патувањата се поубави во ова годишно време.

Освен тоа, една од подобрите работи за есента се мирисите кои преовладуваат – тиква, цимет, јаболка, па и зимница.

Ако и вие уживате во нив, исполнете го вашиот дом со мирис на есен:

Сварете есенски мирис

Направете мешавина на мириси од јаболка, цимет и каранфилче и загрејте ги во вода, а потоа прекрасен мирис ќе се рашири низ целиот дом.

tikva-cimet-jabolko-vnesete-miris-na-esen-vo-vashiot-dom-02.jpg

Природен ароматизер

Закачете на една лента сушени парчиња портокал, ловорови ливчиња и стапчиња цимет – освен што ќе дадат совршен мирис, ќе изгледаат и многу декоративно обесени во дневната соба.

tikva-cimet-jabolko-vnesete-miris-na-esen-vo-vashiot-dom-03.jpg

Испечете јаболка

Испечете цели јаболка по традиционален рецепт и додадете по желба житарици или јаткасти плодови – мирисот на јаболка ќе се рашири низ домот, а потоа можете слатко да ги изедете.

tikva-cimet-jabolko-vnesete-miris-na-esen-vo-vashiot-dom-04.jpg

Додадете зрна кафе во свеќниците

Поставете неколку свеќи во стаклени свеќници и околу нив истурете зрна кафе – совршен мирис за љубителите на кафе и есен.

tikva-cimet-jabolko-vnesete-miris-na-esen-vo-vashiot-dom-05.jpg

Сушено овошје и зачини

Исушете ги омилените овошја и билки и ставете ги во еден декоративен сад на масата со додатоци како јаткасти плодови.

tikva-cimet-jabolko-vnesete-miris-na-esen-vo-vashiot-dom-06.jpg

Мирис на тиква

Секако, есента нема да биде целосна без домот да ви замириса на тиква. Испечете пита со тиква или сварете само тиква – ќе уживате истовремено во нејзиниот вкус и аромата која ќе се прошири низ домот.

Исто така можете да најдете свеќа со мирис на тиква.

tikva-cimet-jabolko-vnesete-miris-na-esen-vo-vashiot-dom-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg