8 работи кои им ги откривате на луѓето без да кажете ниту еден збор

Не секогаш се потребни зборови за да ги покажете чувствата или ставот за нешто.

8-raboti-koi-im-gi-otkrivate-na-lugjeto-bez-da-kazhete-nitu-eden-zbor-01.JPG

Ако некој не ви се допаѓа или напротив, ви се допаѓа, ако лажете или пак ви е здодевно, тешко дека ќе го прикриете тоа.

Овие работи најчесто се познаваат по вашиот израз на лицето и говорот на телото, дури и без да ги изговорите.

Погледнете што им откривате на другите без да кажете ниту еден збор:

1. „Те мразам“

Љубовта и омразата тешко може да се скријат. Кога чувствувате одбивност кон некого, тоа може да ви се забележи по лицето и делата, без ништо да кажете.

8-raboti-koi-im-gi-otkrivate-na-lugjeto-bez-da-kazhete-nitu-eden-zbor-02.jpg

2. „Не сум лојален/а“

Некои луѓе едноставно имаат енергија која ви открива дека можете да им верувате. Но, некои не. А, тие кои се нелојални, го откриваат тоа по своето однесување.

3. „Добредојде“

Вашите гестикулации и говор на тело даваат до знаење кога на некој му посакувате пријатно добредојде и кога не сакате да ви биде во близина. Непрекрстени раце и нозе и отвореност се знаци на посакување нечие присуство.

4. „Имаме нешто заедничко“

Кога со некој имате заеднички интереси и сличен начин на размислување, нема потреба од зборови. Ќе ја почувствувате врската обострано.

5. „Лажам“

Тешко е да измамите некој дека кажувате лаги, освен ако не сте многу добри во говор на тело. Лажговците се разликуваат по нивната нервоза, одбивање да направат контакт со очи и отсечни движења.

8-raboti-koi-im-gi-otkrivate-na-lugjeto-bez-da-kazhete-nitu-eden-zbor-03.jpg

6. „Здодевно е“

Тешко е да се замаскира досадата, а држењето на телото е индикатор кој ве издава. Кога некој е навален и гледа само во една точка или пак постојано лута со погледот, значи дека му е здодевно. Отворените очи кои пратат со внимание и исправената положба укажуваат на интерес за тоа што некој го зборува или прави.

7. „Ми се допаѓаш“

Кога некој навистина ви се допаѓа, тоа не може да се скрие колку и да сакате и да сте вешти. Вашата желба да ја видите личноста, нервозата во нејзино присуство и преокупацијата, ве издаваат со сигурност.

8-raboti-koi-im-gi-otkrivate-na-lugjeto-bez-da-kazhete-nitu-eden-zbor-05.jpg

8. „Јас сум главен/а“

Има многу суптилни начини на кои може да покажете дека доминирате со нешто без да кажете ниту еден збор. Нозе поставени широко, рацете на колковите и заповеднички тон се индикатори дека вие ги држите работите под контрола.

8-raboti-koi-im-gi-otkrivate-na-lugjeto-bez-da-kazhete-nitu-eden-zbor-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg