Не сакате гужва, тинејџери, евтини пијалаци: 8 знаци дека сте престари за лудории

Журка цела ноќ, па мрсна ужинка во 5 сабајле? Ако и самата помисла на ова сценарио ве ужаснува, наместо да ви мами блажена насмевка на лицето, тогаш тоа значи само едно. Да, веќе сте надраснале некои „глупости“ од младоста.

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-1.jpg

Некогаш нонстоп сте биле расположени за луди забави, сте уживале во ноќниот живот, а сега стискате палци друштвото некако да заборави на вашиот договор за петочното излегување?

Бидејќи сте толку уморни и немате волја, што најсреќни ќе бидете ако ве пуштат да се заклучите дома и правите што ви е вам по ќеф...

Порано или подоцна, секој ќе дојде во фаза кога младешките лудости едноставно веќе не му прават мерак.

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-2.jpg

Да одите на работа откако цела вечер сте ја поминале будни, да се опиете - па да го лекувате мамурлакот наредниот ден, да водите длабоки разговори за животот во 3 часот наутро, да си дојдете дома „намирисани“ со чад од цигари, или, пак, да ја минете ноќта дружејќи се со луѓе кои реално ви одат на нерви.

А, ова се 8-те знаци кои укажуваат дека веќе сте „престари“ за лудории:

1. Го заменувате зборот „забавно“ со „заморно“

Претстојниот викенд сте поканети на журка, но вам идејата не ви звучи воопшто забавно. Повторно истите лица, одново истите разговори, а не ви се ни пие за сето тоа да го заборавите.

Попрво би останеле дома, гледајќи ја (пак!) репризата на омилената серија. А, со друштвото може да искомуницирате и преку Viber или WhatsApp, па да видите каква е атмосферата, зар не?

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-3.jpg

2. Ве нервира гужва

На концерт, каде сите безмилосно ве газат, или можеби во град, каде слободна маса нема ни за лек, па никако да се сместите, или, пак, во кафулето, каде чадот од цигарите на гостите, баш секогаш оди во ваш правец.

Бегате од гужвите? Дефинитивно не сте за лудории.

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-4.jpg

3. Не ви годи излегувањето во ноќни клубови

Музиката е толку гласна, а татнежите во глава толку јаки, што не сте во можност со никого да поразговарате. Танцувањето ви е ОК, но после еден час, сепак би сакале да си приседнете и малку да се одморите.

А, во таквите мигови, помислата на креветот и тишината во домот, примамлива ви е како никогаш претходно...

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-5.jpg

4. Секс на брзина? Минато свршено време

Ама, зошто упорно се врти околу мене? Игра, или, пак, го трие телото од моето?!“... Не сте нималку расположени некого да заведувате, а ниту вас некој да ве заведува. Особено не пијавиците од кои е невозможно да се откачите.

На повидок нема ништо занимливо, а сѐ за сексот на една вечер сте научиле во годините кога тоа требало да се научи.

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-6.jpg

5. Ви пречат тинејџерите

Денешнава младина е навистина ужас!“ – си мислите вие и 70-годишната госпоѓа која седи близу вас во автобусот, додека дотичните тинејџери гласно се смеат, меѓусебно се подбуцнуваат и се занимаваат со мобилните телефони.

Всушност, не прават ништо страшно.

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-7.jpg

6. Трошите пари на крпи, садови, постелнина

Да, почнавте и вие. Ако ова не е знак дека едно раздобје од животот е зад вас, тогаш што е? Одеднаш, работите за кои не ви било јасно за што реално служат, ниту зошто некој воопшто троши пари на нив, сега се на врвот од вашата шопинг листа.

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-8.jpg

7. Превртувате со очи на понудата за евтини пијачки

Кадешто има бесплатни или преевтини пијалаци, таму има и премногу луѓе. Подобро не.

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-9.jpg

8. Одите рано на спиење

Најдоцна до 23 часот планирате да сте во кревет. Па, ни вие веќе не сте најмлади, нели?

nejkjete-guzva-tinejdzeri-evtini-pijachki-8-znaci-deka-ste-prestari-za-ludorii-10.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg