Менување гума, палење оган: Вештини кои мажите ги изгубија со текот на времето
Со текот на годините, технологијата зема голем замав и промени многу работи во модерниот свет.
Но, иако има многу бенефити од неа, сепак има и некои недостатоци со оглед на тоа што заборавивме на многу вештини и трикови кои порано се користеле.
Ако се свртиме кон минатото, мажите биле ловџии, заштитници и борци кои знаеле да се снајдат во секоја ситуација.
Денес, повеќето седат на кафе и „зјапаат“ во телефоните во најголем дел од денот.
Па, кои се тие корисни вештини кои се заборавени и како да се вратат назад?
Навигација со мапа и компас
Со создавањето на паметни телефони и апликации за навигација, нашите ориентациони вештини се многу послаби.
Пред ерата на онлајн мапите, луѓето многу полесно се снаоѓале во просторот, користејќи едноставна мапа и компас, а тоа е нешто што секој треба да го знае.
Ако одите на планинарење, купете си компас, или кога патувате, понекогаш обидете се да користите хартиена мапа и научете како сами да се снаоѓате.
Секако полесно е да искуцате каде сакате да одите, но ако се испразни батеријата, многу е подобро да имате алтернатива која ќе знаете да ја искористите и плус, подобро ќе го запомните патот, па нема да мора секојпат да користите навигација.
Палење оган без запалка или кибрит
Оваа вештина е заборавена и изгубена многу одамна, но со постоењето на запалките и кибритот луѓето повеќе немале потреба да запалат оган со триење.
Тоа е точно, сè додека не се најдете изгубени во шума, кога ќе посакате да сте научеле нешто повеќе за ова.
Затоа, кога имате слободно време, прашајте ги постарите и научете нешто што може да ви биде корисно во иднина.
Менување гума на автомобил
Повеќето млади генерации воопшто немаа идеја како се менува гума од автомобил, а да бидеме реални, секому може да се случи да се дупне гума некаде каде што нема да можете да добиете помош од друг или пак ќе треба со часови да чекате за истата.
Па исто како и со палењето оган, наместо да губите време излежувајќи се или седејќи на телефон, одвојте краток период од денот и некој ваш близок нека ве научи како се прави тоа – не е ништо тешко.
Ловење
Уште една античка вештина која замина во историјата е ловењето за преживување. Можеби се поделени мислењата на оваа тема, но ловењето (каде што е дозволено) го тренира вашето тело, го зголемува вашето познавање за храната и го подобрува планирањето и вашата око-рака координација.
Секако, оваа вештина не ви е потребна за секојдневието, но како и останатите може да ви помогне во некои ситуации, па дури и да биде неопходна.
М. М. | Црнобело