Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Какво значење има? - Прашања кои ги иритираат луѓето со тетоважи

Дали на твоите деца ќе им дозволиш да стават тетоважи и размислуваш ли како ќе изгледаат тетоважите на твојата кожа кога ќе остареш?

kakvo-znachenje-ima-prashanja-koi-gi-iritiraat-lugjeto-so-tetovazhi-001.jpg

Сѐ повеќе луѓе ставаат тетоважи на своето тело, а потоа се среќаваат со низа банални прашања кои им се поставуваат одново и одново.

Еве ги прашањата кои најмногу ги иритираат, а ги добиваат од луѓето без тетоважи:

„Како ќе изгледаат кога ќе остареш?“

Личностa можеби не се грижи за тоа, но дури и некогаш во животот да посака да ги отстрани, постојат ласери за отстранување на тетоважи. Тоа е лична работа.

„Дали знаеш дека некои мажи/жени не сакаат да бидат со луѓе со тетоважи?“

Луѓето со тетоважи се свесни за тоа и тие навистина не сакаат да му се допаднат секому. Тие веруваат дека ќе им се допаднат на типот на луѓе кои всушност сакаат да го привлечат.

„Што значи тетоважата?“

Тетоважата може да нема значење воопшто, но може и да симболизира нешто навистина интимно, длабоко и чувствително. Како и да е, ако некој сака да знаете, сам ќе ви каже кога ќе види дека сте му ја забележале тетоважата.

„Дали им се допаѓа на твоите родители?“

Дали е важно? Поголемиот дел од луѓето со тетоважи не се грижат дали им се допаѓа на нивните родители, па дефинитивно и вие не треба да се грижите за тоа дали добиле одобрение.

„Дали би им дозволиле на вашите деца да стават тетоважа?“

Сосема е нормално дека одговорот ќе биде „да“. Но дали со ова прашање сакате да посочите дека родителите што им дозволуваат на децата да стават тетоважи се лоши родители?

„Дали се гледаш само со луѓе со тетоважи?“

Одговорот е „не“ и до кога веќе со стереотипите?

„Дали изгледа добро со формален стајлинг?“

Личноста што има тетоважа мисли дека таа изгледа одлично со секаква облека. Со малку креативност може да се покрие за пригоди кога е несоодветно.

„Дали да си ставам и јас?“

Не, ако прашувате некого само за да ве увери или да ви даде дозвола. Тоа треба да биде ваша одлука, а не потоа некој друг да биде виновен ако се каете.

„Дали болеше?“

Се разбира, но најважните работи во животот не се лесни, ниту безболни. Сами направете ја математиката.

„Дали знаеш кога ќе престанеш да ставаш нови тетоважи?“

Дали вие знаете кога ќе престанете да поставувате досадни прашања без цел?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фотки кои покажуваат дека со текот на времето брачните партнери почнуваат да личат еден на друг Се сложувате ли со тоа дека некои парови, по многу години поминати во љубов (бра...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
„Пораснав со тројца родители – имам татко и две мајки, а како дете не сфаќав која ми е биолошка“ „Бидејќи тројцата родители работат, секогаш сме имале повеќе пари. Но, не сме во...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg