10-те најчудни фестивали во светот
Луѓето тежнеат постојано да прославуваат едноставни или необични, па дури и смешни случувања.
На различни народи ова им служи како начин на дефинирање на нивната култура или зачувување на историјата на народот, но најчесто е само уште една причина да се покаже колку сите ние сакаме да се веселиме без оглед на причината.
Погледнете кои се најчудните 10 фестивали во светот коишто ја занемариле апсурдноста на своето постоење во замена за забавата којашто ја пружаат:
Фестивал за денот на мртвите
Овој фестивал се одржува во ноември во Мексико и претставува еден вид комбинација на католичката Ноќ на вештерките и православниот Духовден. Денот служи за собирање на фамилиите и потсетување на блиските коишто починале.
Фестивал на измет од Лос
Што е бело и паѓа од небото над градот Талкетна во Алјаска во Јули? Не е снег, туку измет од Лос. Фестивалот се состои во тоа што од хеликоптер или балон се исфрлаат топченца измет од Лос, а локалното население се обложува каде тие ќе атерираат.
Фестивал на прескокнување бебиња
Скоро 400 години мажи облечени како ѓаволи скокаат преку бебиња во мало гратче во северна Шпанија, со цел да ги исчистат од гревовите и да ги заштитат од лоши духови и болести.
Секоја година католичкиот празник на телото Христово, децата коишто се родени во последната година ги ставаат на душеци низ целиот град за олицетворението на ѓаволот да ги прескокне.
Наки Сумо
Фестивалот којшто се одржува во Април во Токио се состои во тоа што два огромни сумо борачи влегуваат во ринг и застануваат еден наспроти друг со бебе во рацете. Целта на овој фестивал е секој од натпреварувачите да го натера бебето на својот противник да се расплаче.
Можеби ова ви изгледа како рецепт за катастрофа и трауми за вашето дете, но Јапонците веруваат дека ова им носи среќа на нивните деца, а и дека ги чува од лоши духови. Ако ниту едно од децата не се расплаче во рингот влегува судијата којшто носи застрашувачка маска и ја завршува работата на сумо борачите.
Фестивал на пловечки хартиени фенери
Секоја година на бреговите на Хаваи во Мај се собираат преку 40.000 луѓе и ги пуштаат своите хартиени фенери во водата како симбол на почит кон љубените и надеж за добра иднина. Ова е можеби визуелно најспектакуларниот фестивал во светот.
Рајн жабји фестивал
Во Рајн, Луизијана, секој ноември се одржува фестивалот на жабите и во него има секакви дисциплини, почнувајќи од трки со жаби, скокови на жаби, избор на дерби кралица на жабите, па сè до очекуваното јадење жабји батаци.
Ноќ на ротквичките
Ова можеби ви звучи како наслов на лош хорор филм, но всушност е фестивал којшто се одржува секој 23 декември во Мексико по повод божиќните празници.
Традицијата започнала кога локалните производители на почнале да ги резбаат ротквичките за да привлечат купувачи, а тоа постепено прераснало во фестивал на скулптури од резбарени ротквички.
Фестивал на калта во Борјонг
Според компанијата за здрав живот во Борјонг, калта е одлична за вашата кожа.
За да ги убедат локалните жители во ова, компанијата го формирала фестивалот на идиличната плажа Дајкон во Кореја каде што учесниците се валкаат во калта која изобилува со минерали, а може да добијат и масажа со кал и разни фотографии од мачкањето, а доколку пак не им се допаѓа, морето е веднаш тука за да се измијат.
Аргунгу фестивал на рибарење
Сите имаме гледано рибари и можеме да се сложиме дека не е нешто возбудливо за набљудување, но фестивалот којшто се одржува во февруари во Нигерија е вистински спектакл за гледање.
На даден знак испукан од пиштол, стотици луѓе се стрчуваат кон плитката река и се обидуваат да фатат риба со мрежи, кофи, па дури и со раце. Рибарењето во реката е забрането преку целата години, освен на овој ден на фестивалот, па така реката изобилува со риби, а победник е оној којшто ќе ја фати најголемата риба.
Гилрој фестивал на лукот
Фестивалот на лукот се одржува во Гилрој, Калифорнија и е најголемиот и најмирисливиот фестивал на храна во светот. Доколку сте љубител на лук и отидете на овој фестивал морате да го пробате сладоледот од лук.
(О)Милена | Црнобело