Уште денес кажете ѝ благодарам на најдобрата пријателка, затоа што...
Со неа се смеете погласно и плачете помалку, таа едноставно го прави вашиот живот поубав.
„Никогаш не дозволувам мојата пријателка да прави глупави работи... сама“ е само еден од цитатите кои на одличен начин ја доловува љубовта на најдобрите пријателки.
Не земајте го здраво за готово присуството на вашата најдобра пријателка во вашиот живот и уште денес кажете и дека ја сакате најмногу на свет.
Еве 24 причини зошто да го сторите тоа, ВЕДНАШ:
- Затоа што таа ги цени вашите негативни карактеристики, речиси исто како и позитивните.
- Затоа што ве сака дури и кога не заслужувате да бидете сакани.
- Затоа што понекогаш нејзината брутална искреност е единствената искреност што ќе ја добиете.
- Затоа што седењето во тишина со неа е необјасниво убаво.
- Затоа што таа ќе ги откаже сите свои планови за да мине време со вас.
- Затоа што нема доволно време во денот, месецот или годината за да зборувате за сите работи што сакате една со друга.
- Затоа што ви пишува или ви се јавува неколку пати кога е тргната накај вас за дружба.
- Затоа што ве охрабрува да бидете подобра личност и всушност ве прави подобра личност.
- Затоа што би помага физички, ментално и емоционално.
- Затоа што никогаш нема потреба да се преправа дека е заинтересирана за што било што ќе и кажете, таа навистина е.
- Затоа што ќе и се јави на мајка ви ако не и кревате на телефон.
- Затоа што можете да и кажете сѐ без да се плашите дека ќе бидете осудени.
- Затоа што ретко ви минува ден без да разговарате со неа и кога ќе има некој таков ви изгледа како нешто да не е во ред со светот.
- Затоа што знаете дека никогаш нема да биде љубоморна на вас, туку само горда.
- Затоа што секогаш знае како да ве насмее.
- Затоа што ве охрабрува на здрава диета, едновремено не осудувајќи ве ако каснете малку чоколада.
- Затоа што не се срамите да плачете пред неа и тоа ви е утешително.
- Затоа што таа е единствената личност на која и верувате за да и позајмите облека.
- Затоа што кога ве прашува како се чувствувате таа навистина го мисли тоа.
- Затоа што направивте договор да се венчате една до друга ако двете не го пронајдете вистинскиот до 50 години.
- Затоа што ретко се карате со неа и кога го правите тоа за неколку минути повторно сте најдобрите пријателки.
- Затоа што ќе застане зад вас секогаш без разлика на околностите.
- Затоа што знае да биде лошо влијание кога знае дека ви е потребно да се опуштите.
- Затоа што вие навистина не можете да замислите да го живеете животот без неа и дури не ни сакате да замислите каков би бил животот без неа.
С. С. | Црнобело