Французите се најбезобразни, а Грците секогаш лути: Што мислат Европејците едни за други?
Стереотипите и предрасудите се едно, додека искуствата и примерите на однесување на одредени народи нешто сосема друго. Сепак, можете ли да погодите во која земја живеат најзгодните луѓе, според мислењето на мнозинството испитаници?
Оние кои имале можност малку повеќе да патуваат низ светот, веројатно добро знаат дека широката насмевка на келнерот во Франција е привилегија, а не правило во професијата, како што е познато и дека Германците нема да ви скокнат во прегратка и да ви предложат да им зборувате за чувствата.
Британската компанија „The Original Tour“ одлучи да направи истражување помеѓу 2.500 жители на Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција и Италија, па врз основа на нивните мислења, создаде една занимлива листа.
Како се котираат Европејците меѓусебно?
Во продолжение, погледнете на кој начин испитаниците го оценуваат карактерот на своите европски соседи:
1. Кои се најбезобразни?
- Французите.
2. Кои се највеликодушни?
- Ирците.
3. Кои се највоздржани?
- Германците.
4. Кои се најомилени?
- Италијанците.
5. Кому може најмногу да верувате?
- Данците.
6. Кои се најлути?
- Грците.
7. Кои се најзгодни?
- Италијанците.
8. Кои имаат најдобра смисла за хумор?
- Британците.
Oчекувано или не, Шпанија е прогласена за земја што сите најмногу ја сакаат и во која би можеле да живеат.
Се согласувате ли со резултатите од ова истражување?
М. А. | Црнобело