10 едноставни секојдневни навики кои ќе ви го променат животот на подобро

Понекогаш, за да постигнете позитивни промени и резултати во животот, треба повеќе да се фокусирате на животниот стил.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-01.jpg

Не е потребно многу труд, само да си додадете неколку секојдневни навики на кои нема да заборавате.

Не е тешко, ниту здодевно, а ќе ви бидат од голема корист.

Погледнете како на едноставен начин да си го подобрите животот:

Започнете го денот со чаша вода и лимон

Создадете си навика од ова правило и пијте вода со лимон секој ден. Овој ритуал ќе направи метаболизмот подобро да работи уште на почетокот на денот. Едноставна навика со многу бенефити.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-02.jpg

Поминувајте го лицето со коцки мраз направени од камилица

Друг корисен утрински ритуал е да го поминувате лицето со коцки мраз направени од камилица со кои ќе заборавите на брчките. После ова, наместо утрински подочници, ќе имате свеж сјај на лицето.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-03.jpg

Носете лесни ужинки со вас

Штетните грицки и брзата храна се непријатели на здравиот живот. Иако не е толку тешко да се воздржите и умерено да јадете слатки работи, статистиките покажуваат други резултати.

За да ја намалите потребата за јадење нездрава храна, секогаш носете си со себе здрави грицки (како бадеми или домашни крекери) кои ќе ви се најдат.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-04.jpg

Користете конец за заби

Состојбата на вашите заби директно влијае на здравјето на телото. Затоа кога имате проблеми со кариес, треба да биде вклучена употреба на конец за заби.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-05.jpg

Јадете јаболко по секој оброк

Препорачливо е да ги четкате забите после секој оброк но бидејќи тоа не е возможно, постои трик кој е многу едноставен за вакви ситуации – по секој оброк, јадете по едно јаболко.

Тоа ќе ви ја исчисти устата од храна која е заглавена меѓу заби, ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе го регулира нивото на киселост.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-06.jpg

Наизменично менување на водата при туширање

Само неколку минути и овој метод ќе му донесе корист на здравјето. Наизменичното менување на водата од ладна во топла и обратно, го зајакнува нервниот систем и крвните садови.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-07.jpg

Ставете шише вода на вашето биро

Многу луѓе воопшто не ни забележувааат дека патат од дехидратација. Ако сте се одлучиле за здрав животен стил, првата работа што ви е потребна е пиење повеќе вода. Чајот, кафето и соковите не се важат.

Ако носите шише вода со вас секогаш и секаде, нема да заборавате да пиете.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-08.jpg

Јадете јаткасти плодови

Благодарение на масните киселини и омега 3, тие го зајакнуваат кардиоваскуларниот систем, коса и нокти. Тие содржат многу здрави состојки и витамини па обидете се почесто да ги јадете барем по 50 грама на ден.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-09.jpg

Набавете си чорапи за спиење

Во лето, чорапите може да бидат памучни и потенки, а во зима може и волнени или од друг подебел материјал., по туширањето и пред легнување во кревет нанесете некое масло и облечете чорапи. Уште следното утро стапалата ќе ви бидат меки и мазни.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-10.jpg

Читајте секој ден

Читањето треба да ви стане безусловна навика бидејќи ја подобрува меморијата, логичното размислување и имагинација. Редовното читање може да спречи болести како Алцхајмер и деменција, а за да не заборавате, ставете книги во секое ќоше од домот и читајте по 15-20 минути дневно.

10-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-na-podobro-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg