10 неочекувани состојки кои ќе ги најдете во производите кои ги користите секојдневно
Се чини дека е тешко да нè изненади нешто од составот на производите, со оглед на тоа дека сите знаеме дека сирењето се прави од млеко, а колбасите од месо.
Сепак, во прехранбената индустрија често пати се користат состојки за кои можеме само да погодуваме која им е основната намена.
Ќе се изненадите од следните 10 неочекувани состојки кои се дел од нашите омилени производи кои редовно ги консумираме:
Анато тропска грмушка
Од семињата на ова растение се добива жолто-портокалова боја која има силен вкус на морско оревче. Најчесто се користи во производството на сирења, маргарин и разновидни млечни производи. Интересно е дека за првпат оваа боја била употребена во 16 век за да му даде жолта нијанса на сирењето.
Л-Цистеин
Оваа супстанција се додава на тестото кога се печат кроасани, колачи или крофни со цел да може полесно да се работи со него. За да се добие оваа состојка потребна е органска компонента којашто ја има во паткините пердуви или човечката коса.
Покрај тоа што методот на добивање на Л-Цистеин не е најпријатен, сепак тој има позитивен ефект на кожата и косата и заштитува од радијација и стареење.
Ананас
Од ананасот се добива бромелин ензимот којшто се користи за разложување на протеините и затоа се користи најмногу во месната индустрија. Патем, слични ензими како овој на ананасот се добиваат и од папајата и смоквата.
Лепак од риби
Лепакот од риби или колаген од риби, се користи низ целиот свет во производството на пиво, со цел да се осветли пијалокот. Оваа супстанција се добива од внатрешните балони за пливање на поголемите видови на риби.
Покрај фактот што количината на рибиниот лепак во крајниот производ е многу мала, сепак вегетаријанците го избегнуваат користењето.
Латекс
Порано, гумите за џвакање биле направени од смолата од кората на иглолисните дрвја, а почесто од латекс којшто се користи за производство на разновидни дрвени производи.
Досега не е докажано негативно влијание на телото како резултат од користење на овие полимери во гумите за џвакање, но потсетете се дека производителите не препорачуваат да се џвакаат повеќе од 10 минути.
Рузмарин
Како зачин рузмаринот се користел уште од античките Грци. Денес, во прехранбената индустрија, ова растение не се користи само како зачин. Од него се добива антиоксидант којшто се користи за да ги заштити производите со висок степен на масленост од замирисување.
Ваков пример е чипсот. Адитивот од рузмарин исто така се додава и во намази.
Кошинеал
Кошинеал е црвена боја којашто се добива од женските кошинеал растителни вошки. Оваа боја е особено важна за производството на глазури, сладоледи и мармалади.
Патем, ако веќе бирате црвени бои, оваа не е најлошиот избор, бидејќи не е штетна за организмот (во ретки случаи предизвикува алергија). За споредба другиот тип на црвена боја, еритрозин, може да предизвика хиперактивна тироида.
Камен јаглен
Од камениот јаглен се добива боја која се користи во прехранбената индустрија за боење на месото од рибите, слатките и алкохолните пијалоци. Порано биле изнесувани обвиненија за токсичноста на оваа супстанција, но студиите не докажале такво нешто.
Сепак, во Европската Унија е забранета за користење.
Шелак
Шелак е природна смола која се добива од женските бубачки коишто со неа ја покриваат кората на дрвјата. Откако ќе се обработи, оваа супстанција им дава светкав сјај на бонбоните, чоколадите и останатите слатки.
Злато и сребро
Од овие благородни метали се прават адитиви за храна коишто најчесто се користат во слаткарската индустрија за обојување на производите и подобрување на нивниот изглед, па у вкус понекогаш. Благодарени на високата цена на златото и среброто и цената на овие производи е исто така повисока.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





