Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вкусни, сочни и неодоливи: 7-те „нај“ бургери во светот

Речиси и да нема некој што не сака бургери во секаков облик. Со мелено месо, пилешко, свинско, или пак, вегетаријански, бургерите се едни од најпопуларните јадења во светот.

pileshki-vegetarijanski-so-sosovi-9-te-najpoznati-burgeri-vo-svetot-01.jpg

Сите знаеме дека не треба да ги јадеме често бидејќи се калорични, но одвреме-навреме убаво е да си го дозволиме ова вкусно задоволство.

Постојат најразлични бургери со различни цени и вкусови, а Independent ги одбра најпознатите во светот и зошто се толку популарни:

Најскап бургер - Fleur, Лас Вегас

Овој легендарен бургер е направен од мелено говедско месо и тартуфи и чини 5.000 долари.

Највкусен бургер – Patty and Bun, Лондон

Сите бургери од овој ланец на ресторани за брза храна се вкусни, но според многумина, највкусниот е Smokey Robinson, во кој има говедско месо, кашкавал, патлиџан, марула, лук, сланина и сос.

Најконтроверзен бургер – In-n-Out, Калифорнија

Ова е најпопуларниот бургер во Лос Анџелес, а тајната се состои во свежите состојки. Понекогаш, наместо земички, готвачите користат листови марула.

Најфенси бургер – Five Guys, на повеќе места во светот

Five Guys е прогласен за најпопуларен ланец на ресторани за брза храна во Британија, каде состојките се секогаш свежи, а секој посетител може да стави неограничено количество на додатоци и сосови во бургерите и да ги „дотера“ по своја мерка.

Омилен меѓу вистинските познавачи на бургерите – Au Cheval, Чикаго

Au Cheval нуди обични и двојни чизбургери, а се направени од меко и сочно месо во комбинација со растопен кашкавал, јајца, сланина и други додатоци.

Највкусен вегетаријански – Bill’s halloumi burger – Лондон

Без оглед на тоа што нема месо, овој бургер содржи вкусни состојки како што се црвена пиперка на скара, халуми сирење на скара, хумус и чили сос.

Најпосебен – Dip and Flip, Лондон

Овој ресторан ги прави бургерите од јунешко и јагнешко месо, а познат е по тоа што секој гостин си одбира точно каков сака да му биде бургерот и што да содржи, па секој бургер е посебен.

Постои ли наш бургер кој би го додале на листата?

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
10 од најопасните професии во светот (и колку работници загинуваат) Рибарите кои ловат на отворено море и дрвосечачите кои работат со огромни дрвја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg