Напуштени места: Како изгледаат сега локациите од разгледниците во ’60-ите?
Неодамна, фотографот Пабло Иглесиас Маурер добил една интересна идеја гледајќи во една разгледница од 1960-та која стоела на неговото биро.
Тој се заинтересирал како изгледа местото сега и тоа го натерало да создаде прекрасна фотосесија која ја нарекол „Нашуштени места“.
Фотографот застанувал на истите места од каде се фотографирани разгледниците и буквално правел фотки од истите 5 децении подоцна.
Пабло нарачал 60 разгледници од eBay и почнал да шета по земјата фотографирајќи ги некогаш прекрасните објекти, кои сега се напуштени места и само избледено сеќавање за тоа што некогаш биле.
Напуштени ресторани, базени, куглани, уништени плажи и природа - реалност која постои во речиси секоја земја.
Погледнете ги гифчињата од времепловот кој Пабло го создал: