Коприви, остриги, похуван аспарагус: 10 најлуди натпревари во прејадување

Натпреварувањата на кои се јаде голема количина на храна имаат контроверзна репутација, а сепак се мошне популарни помеѓу одредени кругови на луѓе.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-1.jpg

Способноста да се изеде што повеќе храна за што помалку време, истовремено предизвикува гадење, но и вчудовиденост. Постојат натпревари кои опстојуваат со векови, а постојано се појавуваат и нови.

Се движат од релативно симпатични, како што е натпреварувањето во јадење сладолед, до крајно шокантни, како на пример натпреварувањето на кое учесниците јадат ембрион од патка (?!).

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-2.jpg

Во продолжение, ви издвојуваме дел од најлудите натпревари во прејадување што се одржуваат низ светот:

Шампионат во јадење остриги

Се одржува секоја година во јуни во Њу Орлеанс, а победникот добива награда од 1.000 долари. Сепак, потенцијалните учесници треба да имаат на ум дека ќе мора да изедат 468 остриги во осум минути, колку што изел победникот од 2011 година, уривајќи го претходниот рекорд во таа дисциплина.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-3.jpg

Светско првенство во јадење лук

Дали можете да замислите да јадете лук без други намирници, масло или сос? Токму тоа треба да го направите, ако сакате да се натпреварувате на првенството во селото Чидеок во англискиот округ Дорсет.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-4.jpg

Светско првенство во јадење коприви

Термички необработената коприва ја пече и отекува кожата. Како натпреварувачите го „преживуваат“ овој предизвик, не знаеме. Станува збор за уште една локална специјалност на жителите на округот Дорсет во Велика Британија.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-5.jpg

Натпревар во јадење кимчи

Првин да ве запознаеме со кимчи – во прашање е корејска ферментирана кисела зелка, со изразито лут вкус, а не така пријатен мирис. Интересен прилог е на супите и азиските крцкави салати, но речиси е невозможно да ја јадете во големи количини. Натпреварувањето се одржува секоја година во чикашкиот крај Кореатаун.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-6.jpg

Натпревар во јадење пржени бургери

Во гратчето Коринт во американската држава Мисисипи, секоја година се одржува натпреварување за луѓе кои сакаат да јадат хамбургери. Меѓутоа, специјалитетите кои таму се служат се сепак поинакви од стандардните плескавици.

„Слагбургери“ претставуваат пржена мешавина од говедско месо и соја, се сервираат со свеж кромид, краставички и сенф, а со помфрит или похуван кромид како додаток. Рекордот на ова натпреварување го држи победникот кој изел 43 слагбургери во само 10 минути.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-7.jpg

Натпревар во јадење кнедли со сливи

Конечно некое натпреварување на кое можеби и би се пријавиле. Натпреварот во јадење кнедли со сливи се одржува во Чешка. Чесите сакаат кнедли - толку мнoгу што еден од победниците изел 191 кнедла за време од еден час.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-8.jpg

Кој може побрзо да изеде сиров кромид?

Рекордот го држи Брајан Дафилд од Велика Британија – тој изел кромид од 212 грама за една минута и 32 секунди.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-9.jpg

Ембрион од патка – не, фала

Самото читање на информациите за овој натпревар предизвикува мачнина, па ќе го прескокнеме, но само знајте (доколку не сте можеле да претпоставите) дека „луѓето го прават и тоа“.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-10.jpg

Натпревар во јадење похуван аспарагус

Што ли на луѓето нема да им падне на памет да похуваат? Што се однесува до помалку одвратните предлози, во калифорниското град Стоктон похуваат аспарагус и организираат натпреварување во консумација на истиот.

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-11.jpg

Натпревар во јадење путер

Дон Лерман го држи рекордот во консумирање путер – тој изел 700 грама солен путер во само пет минути. Не е потребна лажица, само го отварате путерот и натпреварот може да започне...

koprivi-ostrigi-pohuvani-shpargli-10-najludi-natprevari-vo-prejaduvanje-12.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg