Моќта на интуицијата: 5 претчувства кои не треба да ги игнорирате

Доколку претчувствувате дека нешто не е во ред, или, пак, дека баш нешто треба да направите – не игнорирајте ја моќта на интуицијата. Можеби вашиот внатрешен глас се обидува да ви испрати некаква важна порака.

mokjta-na-intuicijata-5-pretcuvstva-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-1.jpg

Внатрешниот глас постои за да нѐ води по вистинскиот пат, да нѐ мотивира на донесување правилни одлуки, или, пак, за да нѐ предупреди за потенцијална опасност. Меѓутоа, многумина го игнорираат, а би требало да го послушаат.

Петте претчувства кои не треба да ги игнорирате се:

1. Дека со вас нешто не е во ред

Доколку ви се пробуди чувство дека нешто во вашето тело не е како што треба, послушајте го. Обрнете внимание и посетете доктор, ако е потребно.

Истото важи и за вашата психа. Ако чувствувате дека нечија близина ви штети, па во нејзино присуство почнувате да се чувствувате многу лошо, оттргнете се од таа личност.

Или, пак, доколку некое место претерано ве исцрпува, избегнувајте го. Непријатните чувства не се појавуваат без причина. Тоа е вашиот внатрешен глас, кој ве предупредува за работите што се лоши за вас.

mokjta-na-intuicijata-5-pretcuvstva-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-2.jpg

2. Чувство дека ви се заканува опасност

Може да се појави одненадеж, во текот на дневната рутина. На пример, да сретнете непознат лик во продавницата, дури шетате низ паркот... Доколку ви се појави такво чувство, обидете се да ја промените ситуацијата во која се наоѓате.

Излезете од паркот, оддалечете се од сомнителниот непознаник... Иако целата ситуација е мошне вознемирувачка, можеби вашето претчувство, кое ненадејно се појавило – ќе ви го спаси животот.

3. Некој необјасниво ве привлекува

Можеби се работи за човекот кој многу ќе биде значаен за вашата кариера, за вашиот љубовен живот, за вашето здравје... На пример, кога ќе сретнете некого и нагло ќе почувствувате порив да му помогнете, запрашајте го дали му треба помош.

Може да станува збор за човек што го познавате, или, пак, за непознаник. Доколку ненадејно почувствувате потреба да посетите некого, секако сторете го тоа. Главно, ако добиете силна желба да пристапите некому и поразговарате со него, направете го тоа, а обрнете внимание кон што води тој разговор.

mokjta-na-intuicijata-5-pretcuvstva-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-3.jpg

4. Возбуда поради укажана прилика

Доколку ви се пружи некаква прилика, па макар и да е за нешто навидум безначајно, а притоа почувствувате необјасниво силна возбуда или инспирација, не го игнорирајте тоа чувство. Можно е да станува збор за работа, која во суштина е важна за вас.

Не се обѕирајте на мислењето на другите, бидејќи се работи за вас и вашиот живот. Ако нешто ве влече во одреден правец – тргнете по тој пат.

5. Чувство дека нешто е правилно

Ако имате силно и постојано чувство дека нешто е правилниот избор за вас, секако направете го. На почетокот, можеби ќе ви се чини дека тоа нема смисла, или, пак, ќе ви биде многу чудно, но не откажувајте се.

Можно е да е во прашање подвиг, што силно ќе ви се одрази на љубовниот живот, кариерата, здравјето итн.

mokjta-na-intuicijata-5-pretcuvstva-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg