Најсрамните пораки кои луѓето ги испратиле под дејство на алкохол

Сигурно ви се случило да излезете со пријателите и да се опуштите со неколку пијалаци плус од вообичаеното.

najsramnite-poraki-koi-lugjeto-gi-ispratile-pottiknati-od-alkohol-01.fw.jpg

Но, тоа не е најстрашниот дел, туку последиците предизвикани од алкохолот.

Не зборуваме за гадењето и главоболката, туку за пораките кои сте ги испратиле поттикнати од тие „неколку пијалаци“. Знаете за што зборуваме така?

14 луѓе откриваат кои се најужасните и најсрамнтие пораки кои ги испратиле додека биле пијани.

Во ред, не сум за. Сметајте го ова како отказ. – ова му го испратив на шефот за работата која ја обожавав. Не знам како, но ја добив работата назад.“

„Му пишав на мојот шеф дека нема да дојдам на работа следниот ден бидејќи сум камен-пијан со неговата ќерка.“

„Ќор-пијан, ѝ пишав на девојката со која се гледав да дојде кај мене во 4 часот наутро. Таа дојде, вратата беше заклучена, јас комиран во кревет, а таа чекала надвор предолго. Не беше среќна.“

„Еднаш му се јавив на шефот во 3 часот наутро и оставив говорна порака која почнуваше со: Еј срце, а завршуваше со: Ср*ње! Му се јавив на шефот!“

„Сакав да пишам порака на девојка со име Моли. Наместо неа, сум и пишал на Мама да дојде. Не е толку страшно, но имајте на ум дека живеам на 6 часа оддалеченост. Се разбудив и видов дека сум и пишал неа. Се обидов да ја сопрам, но веќе беше на 2 часа од овде. Била толку во брзање што не резервирала ни хотел, па остана со мене и мојот цимер во студентскиот дом.“

„Искрено, не можам да се сетам на порака што сум ја пишал пијан. Но еднаш добив добра порака од пијан човек: На дрво сум, прати помош, немам чевли.“

„Еднаш по грешка во порака сум раскинал со девојката која многу ја сакав тогаш. Ништо не памтев, само се разбудив без девојка. Таа беше многу збунета кога ѝ се јавив и зборував најнормално следниот ден. Воопшто немав намера да ја оставам или нешто слично.“

„Еднаш во 1 часот наутро ѝ пишав на една девојка со која флертував: Посакувам да има симбол кој ќе ти покаже дека сакам да дојдеш да имаме орален секс, а потоа да си заминеш за да не морам да зборувам со тебе. Секако пораката беше со испревртени букви, а јас уште посакувам да постои таков симбол.“

„Му пишав на татко ми дека изгледал совршено во фустанот пред малку...“

„Ѝ пишав на бившата дека уште ја сакам и дека треба да се пресели кај мене и да се венчаме. Потоа бидејќи бев пијан решив дека е паметно да ја избришам пораката. Таа се појави во мојот дом 3 недели подоцна со автомобил полн со нејзини работи, а јас немав поим што се случува.“

Сакам да имам дрзок секс со тебе веднаш – вака гласеше пораката која ѝ ја пратив на мајка ми наместо на девојката со која флертував.“

„Пратив порака на мајката на мојот другар која ја знам 14 години, а гласеше вака: Мнгоу соум пјијан!!!

„Еднаш им пратив порака на сите контакти кои ги имам, а таа гласеше: Секс? – Мајка ми не беше импресионирана...“

„Побарав од пријател да плаче во мојот задник...“

Која е вашата најсрамна порака што сте ја испратиле некому?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg