Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што се случува со телото ако го удри молња?

Шансите да бидете погодени од молња се 1 во милион. Сепак, тие постојат.

shto-kje-se-sluchi-ako-molnjata-udri-vo-chovek-01.jpg

Но, што кога ќе се случи тоа? Кои се последиците и што треба да правите?

Неколку факти за молњата:

  • Молњата е електрична искра (празнење) која се движи помеѓу два облака или меѓу облак и површината на Земјата.
  • На годишно ниво има околу 25 милиони молњи кои се движат од облак до земја.
  • Удар од молња може да надмине волтажа и од милијарда волти и да достигне температура од 27.000⁰С.

Кога молњата ќе погоди во човек, еве што може да очекувате:

  • Директните удари се најчесто смртоносни, но само 10% од луѓето кои ги погодува молња умираат веднаш.
  • Ако молњата не го убие човекот веднаш, сепак постои ризик од смрт поради срцев удар.
  • Респираторен арест и напади се исто така честа појава.

Дури и ако човекот некако ги преживее сите овие работи, сепак може да се очекуваат изгореници од трет степен на телото. Исто така можно е да се појават лузни познати како „Лихтенбергови фигури“.

shto-kje-se-sluchi-ako-molnjata-udri-vo-chovek-02.jpg

Секој метал што човекот го носи – часовник или колан, ќе се загрее премногу и ќе остави изгореници.

Со оглед на тоа што молњата го загрева воздухот исто колку и експлозија, може да се очекува и ударен бран кој може да ги пукне ушните тапанчиња и да ја искине облеката.

После некое време од преживувањето на ударот, може да се очекуваат хронични главоболки, мускулни контракции, хронична болка на одредени делови од телото и различни психички компликации.

Нема правило, но постои можност, доколку човекот има среќа и ги надмине сите овие работи, да се опорави по само неколку месеци.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg