9 тајни кои кино салите ги кријат од вас

Сите сакаме да гледаме филмови на големото платно во кино салите. Но многу работи ни се нејасни во врска со киното. На пример, зошто пуканките се скоро исто толку скапи како и билетот?

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas-001.jpg

Дознајте ги тајните кои кината ги кријат од посетителите:

Заради краткото време помеѓу две проекции, вработените не ги чистат доволно добро кино салите

Сте приметиле ли дека подот во кино салите честопати знае да биде многу нечист и леплив, иако вработените ги чистат салите после секоја проекција?

Тоа е затоа што во времето помеѓу два филма, вработените имаат доволно време само за да ги заметат подовите, а понекогаш и тоа се прави многу невнимателно.

Темелното чистење на подовите со средство се прави навечер, дури откако ќе завршат сите проекции.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas (1).jpg

На вработените им е полесно да ги соберат отпадоците ако ги оставите на столчињата, наместо под нив

Се разбира дека најдобрата опција е да ги фрлите отпадоците во канта, но доколку сте решиле да ја оставите кутијата со пуканки, тогаш подобро е да ја оставите на седиштето наместо да ја фрлите на подот.

Така вработените полесно ќе можат да го соберат ѓубрето откако ќе заврши филмот.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas (2).jpg

Високите тонови во кино салите можат да ви го оштетат слухот

И покрај тоа што постојат стандарди кои мора да ги задоволи секој аудио систем, сепак некои кино сали го регулираат сами аудио-системот.

Внимавајте на акциони филмови со многу експлозии и сцени со пукање, бидејќи за време на овие сцени, јачината на звукот знае да го надмине дозволеното ниво. Со други зборови, избегнувајте акциони филмови во кино.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas (3).jpg

Цените на пуканките се неоправдано високи

Според неколку извори, 300 грама пуканки може да чинат повеќе од добар квалитетен стек со истата тежина. Цената на пуканките е толку висока што повеќе ви се исплати да одите во добар ресторан.

Пуканките кои ги купувате во кино се многу поскапи за разлика од цената по која тие ги набавуваат.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas-004.jpg

До 1981-ва година седиштата немале држачи за чаши

Држачите за чаши се измислени во 1981, околу 60 години после отварањето на првото кино со климатизација во САД. Патем, пуканките почнале да стануваат заштитен знак за кината за време на Втората светска војна, кога имало недостаток на шеќер и кината престанале да продаваат бонбони.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas (5).jpg

Зошто пуканките мирисаат толку добро?

Има неколку причини зошто толку многу нè привлекува мирисот на пуканки. Како прво, кината најчесто имаат свој таен рецепт за состојките кои им даваат неверојатен мирис.

На пример, некои кина додаваат мешавина од кокос и синап. Второ, секогаш постојат вештачки адитиви кои се додаваат за појак вкус и мирис.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas (6).jpg

Најмалку еднаш неделно се исфрла по еден заљубен пар од кино сала

Оние кои сакаат гушкање, бакнување и засрамување на гледачите околу нив, треба да знаат дека кино салите имаат камери што ги фаќаат на дело.

Во моментот кога ќе бидете забележани, ќе бидете предупредени од некој од вработените или доколку сте претерале, дури може да бидете и исфрлени од салата. Најдобро решение за вас е да си пуштите филм дома.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas (7).jpg

Специјалните понуди не ви заштедуваат пари

Менијата кои вклучуваат комбинации на пуканки, сок или други грицки, најчесто не ви заштедуваат пари.

Ако ги соберете цените на секој од производите поединечно, ќе сфатите дека нема многу разлика од единечните цени со онаа на специјалната понуда. Најмногу ќе заштедите ако нарачате помала порција.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas-005.jpg

Пуканките не се секогаш свежи

Најголем дел од вработените во кината признаваат дека најдобра работа во врска со пуканките е фактот што тие не се расипуваат со денови.

Ако пуканките не се продадат вечерта, вработените ги пакуваат и ги чуваат во пластични кеси за следниот ден. Следниот ден само ги загреваат и повторно ги продаваат.

9-tajni-koisto-kino-salite-gi-krijat-od-vas (9).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg